Почетна / Агроекономија и агробизнис / Важноста на дигитализацијата во земјоделството претставена на саемот Fruit Logistics во Берлин

Важноста на дигитализацијата во земјоделството претставена на саемот Fruit Logistics во Берлин

Оваа година во Берлин, беше одржан Fruit Logistica Trade Fair каде што беа присутни сите големи компании од областа на производството, продажбата, увозот и извозот, како и експерти од областа на производство на амбалажа и пакување, логистика и транспорт. Овој тридневен саем беше посетен од повеќе од 78.000 посетители од 130 земји во светот, во периодот од 6-9 Февруари 2019 година, додека свои штандови имаа 3200 компании од околу 80 земји во светот.

Како новитет оваа година на саемот беше претставен “Startup day”, каде 19 старт ап компании ги презентираа нивните технолошко иновативни производи од прехранбената индустрија.

На саемот се претстави и старт ап компанија која нуди полесно одгледување на јаболка за произведувачите на јаболка, MapMyApple која што на дневна основа дава препораки за фертилизација, наводнување и заштита на насадите од јаболка, и дава прецизна прогноза и сателитска снимка од аридните подрачја.

MapMyApple првпат оваа година учествуваше на саемот со цел да ја зголеми својата мрежа на дистрибутери на апликацијата во други држави како: Србија, Македонија, Полска, Унгарија, Белгија, Турција, Франција, Нов Зеланд, Австралија…

Мнозинството од соработниците ја увидоа големата слика, и ја препознаа важноста на постоењето на ваквата апликација на пазарот, каде што никогаш не виделе ваков сличен производ за конкретно одгледување на јаболки.

Мислам дека ова е нешто што го сруши пазарот на овошје. Денес, не е доволно само да се евидентира приносот, и мислам дека модерната технологија е нешто што идните генерации ќе го користат со сигурност, и на што може да се потпреме, бидејќи е многу лесно за употреба.
Sener Batum, менаџер на Ozler Tarim, компанија која што има повеќе од 3.000 хектари под јаболкови насади и верува дека MapMyApple е како “џебен агроном” кој секој може да си го дозволи на своите плантажи.

Сите заинтересирани можат на научат повеќе за апликацијата на нивната веб страна https://www.mapmyapple.com/

Следно Потоа
 
 
 
 
Следно Потоа

 

 

Check Also

ИПАРД грантови за насади од лешник

Во очекување на првиот повик од новата ИПАРД 2 програма за кофинансирање и  финансиска помош, …