Родот Салвиа опфаќа огромна група растенија, со над 900 вида, кои се со потекло од Мексико и Јужна Америка.Видовите вклучуваат едногодишни, двегодишни и повеќегодишни растенија, голем дел од кои се со висока декоративна вредност и некои од нив се и со ароматични листови.
Широко се одгледуваат во градините и се особено омилена комбинација за садење со рози, познати се и по тоа што привлекуваат пеперутки во градината. Некои од видовите се користат во Кулинарство, како и во народната медицина.
Растенијата претпочитаат влажни, добро дренирани почви, многу сонце, но толерираат и делумно засенчувањето. Добро е да има доволно проток на воздух, за да се избегнат напади од пепелница.
Ова се најраспространетите видови:
– Есенската жалфија – Salvia greggii е разгранета во основата, со ароматични листови по целото стеблото. Цветовите и се црвено розови, според видот, ретко распоредени по врвовите на стебла, со висина од 30 до 90 см и цвета подоцна во текот на летото и есента. Зона 7-9.
– Salvia guaranitica– цвета доцна лето и есен, со многу темно сини бои и речиси црни чашкини ливчиња. Цветовите се собрани во соцветија кои можат да достигнат до 2 метри висина. Зона 7-10, често се одгледува како едногодишно.
– Сина жалфија- Salvia azurea достигнува до 1,50 метри и има прекрасни небесно сини бои во текот на летото и есента, Зона 5-9
– Џиновска пурпурна жалфија- Salvia pachyphylla е исклучително издржливо, мирисно растение со виолетови/ розови / сини бои преку цело лето. Достигнува 1-1,5 м Зона 5-9
– Жалфија мајска ноќ – Salvia x sylvestris ‘May Night’ – има густи соцветија со сини бои, висока е 50-60 см, се размножува се со делење на корените или со резници, бидејќи е стерилен хибрид. Зона 5-9
Сл.1 Salvia greggii
Сл.2 Salvia guaranitica
Сл.3 Salvia azurea
Сл.4 Salvia pachyphylla
Сл.5 Salvia x sylvestris ‘May Night’
Автор: Agri.mk