Владата ќе продолжи да го поддржува производството на ориз преку директните субвенции од 11.000 денари за хектар и од 15.000 денари за оние кои користат сертифициран семенски материјал, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанаство Михаил Цветков, отворајќи ја 4. Меѓународна манифестација на кочанскиот ориз во село Прибачево.
Прочитај повеќеИсплатени 310,8 милиони денари субвенции за обележани грла говеда
Исплатени 310,8 милиони денари субвенции за обележани грла говеда.
Прочитај повеќеМинистерство за земјоделство:Ќе се доисплатат субвенциите за прилепските тутунари
Кон крајот на оваа или почетокот на идната недела ќе почне доисплатата на субвенциите за ланската реколта тутун. Парите се обезбедени, велат од министерството за земјоделство.
Прочитај повеќеТутунарите и полјоделците најмногу бараат субвенции
Најголем дел од барањата за субвенции коишто се доставени во Платежната агенција се за полјоделски култури, или вкупно 34.621 земјоделец. Втори на листата се тутунарите или вкупно 30.298 земјоделци.
Прочитај повеќеМинистерството за финансии исплати 93,5 милиони денари за пчеларите
Министерството за финансии исплати 93,5 милиони денари субвенции за презимено пчелно семејство на 2.632 пчелари.
Прочитај повеќеЗа говедарите и градинарите 100,7 милиони денари субвенции
Министерството за финансии вчера исплати 100,7 милиони денари (1,6 милиони евра) на 4.583 земјоделци по основ субвенции за обележани грла говеда и обработена површина за градинарско производство.
Прочитај повеќеРокот за поднесување барања за субвенции за млеко е до недела
Млекопроизводителите до недела можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка за произведено и продадено кравјо, овчо и козјо млеко во регистрирани млекарници во период од 1 јануари до 30 април годинава.
Прочитај повеќеБарања за субвенции за млеко до 15 јуни
Млекопроизводителите до 15. овој месец ќе можат да поднесат барања за субвенции за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од јануари до април 2013 година, соопшти денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Прочитај повеќеИсплатени се субвенциите на тутунарите во Прилеп
Неколку стотици прилески тутунари и производители од околината ги “нападнаа” банките во Прилеп по субвенциите, кои владата започна да ги надоместува во висина од 60 денари за предаден килограм тутун од ланската берба.
Прочитај повеќе