Почетна / Цвеќарство / Одгледување на лале

Одгледување на лале

Лалето е луковичесто растение кое потекнува од Мала Азија. Во Холандија првите лалиња се донесени пред околу 400 години и од тогаш почнува нивното масовно одгледување, а благодарение на вкрстувањето денес се познати повеќе од 4000 видови.

 

Цветовите може да им бидат еднослојни или полни, назабени, еднобојни, двобојни, а се сретнуваат во цела палета на бои, од бела, па до многу темни.Најдобро е да го посадите на сончево место, а мора да внимавате почвата да биде добро дренирана бидејќи ако е многу влажно луковицата ќе иструли. Се сади во октомври или ноември (за да закорени до доаѓањето на првите мразови) на длабина од 12-20 cm, зависно од големината на луковицата, на оддалеченост од 10-15 cm. Кога ќе прецвета лалето, се препорачува да го одреже стеблото со цветот за да не троши енергија за созревање на семето, а листовите треба да се остават се додека не пожолтат и овенат за да може луковицата да собере доволно храна за следната сезона. Тогаш се препорачува да се извади луковицата и да се чува на суво и ладно место. Ако сакате да одгледате лале во домот треба да купите специјални луковици кои се третирани за одгледување на затворено. Посадете ги во саксија, покријте ги целосно со земја и чувајте ги на што постудено место. Кога ќе почне да растат покријте ги со весници за да не добиваат премногу светлина и да се издолжат стеблата премногу. Немојте многу да ги полевате, а кога ќе почне да расте цветот тргнете ги весниците и префрлете го лалето на потопло. Кога ќе прецвета продолжете со негата додека не овенат листовите. Следната година таа луковица насадете ја на отворено бидејќи во домот нема пак да цвета.

Лалињата може да ги купиме и како режено цвеќе, а за да ги одржиме што повеќе свежи во вазата еве неколку совети. Стеблата одрежете ги со остар, рамен рез, а вазата наполнете ја до пола со вода и чувајте ја на студено место, барем во текот на ноќта.

Check Also

Аспидистра (lat.Aspidistra elatior)

  Ова растение со темнозелени листови може да поднесе речиси сè. Трпи сенка, чад, а …