Почетна / Рурален развој / Нови мерки во корист на земјоделците

Нови мерки во корист на земјоделците

Во соработка со општините Владата спроведува проект чија што суштина се состои во изградба на локални патишта во должина не поголема од еден километар, изградба на патишта за пристап до земјоделско

земјиште, изградба на селски мостови и останати потреби од развој на селата како и уредување на централните делови на селата, преку инвестиции во определени скверови чијашто цел е облагородување на јавниот простор во самите села. За ова денеска информираше владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Согласно договорите кои што беа потпишани помеѓу Владата, општините и изведувачите, општините имаат за задача и за цел да ја подмерат инвестицијата комплетно во првата фаза, а потоа во определена постапка согласно законот да бараат рефундирање на сретствата коишто ќе бидат ангажирани за реализација на овие инвестиции. Инаку се работи за вкупно 40 инвестиции коишто се реализираат во 32 македонски села.

Поради притисокот кој што го направи Европската должничка криза и нејзиното влијание врз македонската економија, општините ја известија владата дека не се во можност да ги подмират сретствата за реализација на овие инвестиции со што се доведоа во опасност самите проекти и реализацијата на самата инвестиција затоа што изведувачите во определена фаза поради немањето на сретства запреа со определени проекти. Со цел да продолжи реализацијата на овие инвестициски проекти Владата на Република Македонија одлучи да го преземе реализирањето на инвестициите уште од раната фаза на реализација.

Со Тоа на општините им останува да го реализираат само својот дел од учеството во инвестицијата кој што за некои проекти изнесува 30 тина проценти, а за најголем дел од проектите изнесува помеќу 10 и 20 проценти. За некои од проектите била донесена одлука општините воопшто да не инвестираат, односно Владата да го преземе инвестирањерто во самите проекти во висина од сто проценти од самата инвестиоција.

Агенцијата за поддршка на развој на земјоделството ќе склучи анекси на договорите со самите општини каде ќе биде предвидено дека таа го презема инветсирањето на проектите уште во нивната рана фаза.

Сто милиони денари со измените на програмата за рурален развој ќе бидат наменети за реализација на овие проекти во 40 видови, коишто се однесуваат на 32 македонски села.

Исто така во насока на поддршка на развој на македонските села и руралниот развој како и развој на регионите со специфични потреби владата одлучила да анагажира дополнителни 20 милиони денари наменети за кофинансирање на останати триесетина проекти во други села коишто се однесуваат на изградба на краци од водоводна и канализациска мрежа, изработка на проекти и проектна документација, изработка на колектори и останати потреби што ги предвидуваат самите општини, а Владата преку ангажирање на финансиски нсретства ја помага нивната реализација.

Покрај ова, во наредните три месеци тимови од Министерството за земјоделство и Агенцијата за поддршка на земјоделството во Република Македонија ќе посетат најмалку 250 македонски села, а во периодот од јануари до март 2013 тата година ќе бидат посетени уште 250 македонски села
.
Тимовите се составени од стручни профили на лица, коишто гои разбираат и имаат ингеренции да постапуваат во целиот спектар на земјоделски работи. Тие во редовен контакт со земјоделците од селата ќе ги осознаваат нивните непосредни проблеми и предизвици со кои што земјоделците се соочуваат и ќе имаат обврска најмалку еднаш месечно да ја известуваат Владата за најгорливите предизвици и проблеми. Врз основа на ова, еднаш месечно Владата ќе одлучува за начините на надминување на овие потешкотии.

Посебен акцент при овие посети ќе биде ставен врз активностите за легализација на земјоделското земјиште и легализација на земјоделската механизација. Постапките за легализација во овие процеси треба да завршат најдоцна до август 2013 тата година.

 

Извор: www.kurir.mk 

Check Also

Ќе се изработува физибилити студија за изградба на скијачки центар на Галичица

Во текот на оваа недела се очекува да биде потпишан договор за изработка на физибилити …