I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК
Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост за подигнати долгогодишни насади за времетраење од 30 (триесет) години за следните катастарски општини:
Регион Радовиш, катастарска општина: Дамјан
Регион Кочани, катастарски општини: Жиганци и Соколарци
Регион Виница, катастарски општини: Пеклани и Блатец
Регион Кавадарци, катастарска општина: Кавадарци
Регион Свети Николе катастарска општина: Немањица
Регион Струмица катастарски општини: Чанаклија, Нова Маала, Хамзали и Гечерлија
Регион Неготино, катастарски општини: Долни Дисан, Горни Дисан, Криволак, Брусник и Тимјаник
Предмет на постапката од дел I став 2 на овој јавен повик може да биде само слободно земјоделско земјиште во државна сопственост врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп
Максималната површина на кој може да аплицира и да добие еден понудувач по овој јавен повик во однос на понудените катастарски парцели е 10 хектари.
Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е:
– за подигнати долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) за период до 30 години;
Извор: http://www.mzsv.gov.mk/?q=node/1077