Почетна / Вести Македонија / Градоначалникот Ристески и заменик министерот Коњановски во посета на тутунарите

Градоначалникот Ристески и заменик министерот Коњановски во посета на тутунарите

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески оцени дека иако општината нема директни ингеренции во откупот на тутунот, сепак задоволството од кампањата, исплатата и постигнатата цена, посебно субвенциите што ги дава државата, се многу важни за развојот на градот.

– Добро платените тутунари кои ќе си ги земат субвенциите  и воопшто тутунопроизводството влијае на локалната економија. Освен тоа земјиштето се обработува, а земјоделците може да користат и други поволности од државата, изјави Ристески, кој го придружуваше заменик министерот при посетата на откупните пунктови.

Градоначалникот Ристески истакна општината им седи на располагање на оваа категорија на граѓани и за секаков вид на помош и поддршка која може да се овозможи. Градоначалникот на Прилеп Ристески истакна дека во иднина ќе се отворат канцеларии кадње стручни лица ќе им овозможат помош и информирање на тутунопроизводителите потенцирајќи дека производството на тутун е главната гранка на занимање на огромен број на прилепчани.

Инаку во Прилепскиот тутунски комбинат се задоволни од откупот на тутунот. Ги презеле планираните количества тутун кои навреме се платени, а откупеното веќе има пласман.

Околу 98 отсто од тутунот во Македонија е веќе откупен, преземени се 25.416 тони тутун со просечна цена од 180 денари за килограм, рече заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски по денешната посета на откупниот пункт во Тутунскиот комбинат во Прилеп и во селото Мажучиште.

– Ако се земат предвид и откупените количества во предвремениот рок од околу 1,5 тон по просечна цена од 165 денари може да се рече дека сме задоволни зашто имаме квалитетна реколта и ефикасен откуп, изјави Коњановски.

Заменик министерот изрази благодарност за соработката со Сојузот на тутунските здруженија на Македонија, со стручните кадри во Министерството и со локалните власти посебно во прилепскиот регион. Министерството, додаде, е во постојан контакт со тутунските здруженија и потсекторот за тутун. Сите забелешки на земјоделците се разгледуваат и се преземаат максимални напори да им се излезе во пресрет.

Одговарајќи на новинарски прашања, Коњановски нагласи дека окрупнувањето на земјоделското земјиште е неопходен процес за успешено и конкурентно производство, а законот за задругарство што е веќе во процедура, треба да се донесе за околу еден месец.

– Поставивме здрава законска регулатива, но мора да знаеме дека треба окрупнување и на површините кои во земјава се исцепкани. Тоа е практика во европските земји која ја следиме и е успешна и продуктивна за земјоделците, изјави Коњановски.

Во врска со субвенциите подвлече дека „ветената поддршка земјоделците ќе ја добијат согласно законските рокови“. – Секогаш се чека да завршат откупните претпријатија и да достават списоци. Како што вети Владата, тутунарите ќе добијат по 1 евро субвенции за секој откупен килограм тутун, потсети заменик министерот.

Извор: http://kurir.mk/makedonija/vesti/100639-Gradonacalnikot-Risteski-i-zamenik-ministerot-Konjanovski-vo-poseta-na-tutunarite

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …