Почетна / Вести Македонија / Ѓорѓиев: Доколку има потреба ќе овозможиме интервентен откуп на пченица

Ѓорѓиев: Доколку има потреба ќе овозможиме интервентен откуп на пченица

Земјоделците се жалат дека мелничарите не го почитуваат договорот за откуп на пченица плаќаат по 11 до 12 денари за килограм, а квалитетот најчесто го проценуваат паушално наместо според хектолитарската маса на зрното.

Вo овој момент одлука за интервентен откуп на пченица нема од страна на Владата на Република Македонија, но тоа не го исклучуваме како опција согласно приликите кои што ќе се случуваат. Владата остава производителите и откупувачите сами да се договорат околу откупот на пченицата, истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, одговарајќи на новинарски прашања во врска со изјавата на претседателот на Сојузот на земјоделците, Вељо Тантаров.
Според Тантаров, мелничарите не го почитуваат договорот за откуп на пченицата, плаќаат по 11 до 12 денари за килограм, а квалитетот најчесто го проценуваат паушално наместо според хектолитарската маса на зрното. Земјоделците очекуваат денеска или најдоцна утре Владата да донесе одлука за интервентен откуп на 8.000 тони лебно жито
-Во моментов ориентирани сме на дополнително стимулирање за функционирање на пазарниот инструментариум и постигнување решенија помеѓу двете страни кои се наоѓаат на пазарот. Будно ги следиме состојбите, а доколку има потреба ќе повлечеме и дополнителни потези, истакна Ѓорѓиев.

Работата на Владата, додаде, е да ја утврдува правната економска рамка и да го регулира пазарот, а не директно да учествува во пазарот без разлика за кој пазар станува збор, во случајов пазарот на пченица.
– Нашите активности се фокусирани на остварување интензивен дијалог помеѓу производителите и откупувачите на пченица, пред се инсистирање на почитување на договорните обврски коишто беа преземени од двете страни пред околу еден месец во поглед на определување на точката во која се сретнуваат понудата и побарувачката на овој пазар, рече Ѓорѓиев.

Според владини информации досега се откупени над 80 илјади тони лебно жито, над 65 проценти од вкупното производство. – Апелираме до сите субјекти кои се вклучени во процесот на нивната општествена одговорност да ги исполнат сите договорни обврски кои ќе бидат во интерес на производителите и на откупувачите на пченица, додаде портпаролот.
Министерството за земјоделство, информира, е во интензивна комуникација со производителите на пченица, ги има сите детали.

Како секогаш, Владата е подготвена на помош и поддршка на земјоделците што ќе значи подобрување на позицијата на определена целна група, истакна Ѓорѓиев.
Тантаров исто така очекува дека Владата повторно ќе излезе во пресрет на земјоделците. Според него, на неодамнешната средба во Свети Николе на која присуствуваше и ресорниот министер Љупчо Димовски беше договорено пченицата да се откупува во три класи по 13, 14 и 15 денари. На последниот состанок, пак, одржан пред десет дена, преработувачите, како што информира Тантаров, се обврзале да откупат уште по 20% од веќе преземените количини.
Земјоделците од министерот Димовски побараа годинашните субвенции да им бидат исплатени пред сеидбата.

Приносите годинава се под очекувањата поради високите температури во јуни, досега се откупени околу 60% а уредбата за условен увоз од Србија останува во сила додека не се стабилизира домашниот пазар.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …