Почетна / За нас

За нас

agri.mk – Портал за промоција, развој и поттикнување на земјоделството во Македонија.

 

agri.mk е проект на ентузијасти, постдипломци на Факултетот за земјоделски науки и храна, Скопје, со цел доближување, информирање и промоција на земјоделството до граѓаните на Македонија, но пред се популаризирање на оваа гранка кон младите генерации. Со оглед на тоа што земјоделството заедно со руралниот развој и преработката на земјоделски производи опфаќа околу 16% од БДП на Македонија, може да се види дека е многу битен елемент во развојот на економијата во државата, а со тоа и треба да се посвети поголемо внимание од аспект на промоција, развој и едукација.

Тимот на agri.mk го сочинуваат:

Валентина Аџигоговадипл. инж агроном, постдипломски студии по Квалитет и безбедност на храна при Факултетот за земјоделски науки и храна, Скопје

valentina@agri.mk

Владимир Цветкоскидипл. инж. агроном, постдипломски студии по Агро-Економија при Факултетот за земјоделски науки и храна, Скопје и Факултетот за биоинженерство при Универзитетот во Гент, Белгија отсек Агро-Економија

vladimir@agri.mk

agri во името на доменот е кратенка од англискиот збор за Земјоделство – Agriculture, со идеја да на порталот да има и содржини на англиски јазик, и со тоа порталот не само што ќе информира во Македонија, туку и надвор од неа, со цел да се вклучат и странските државјани со новостите од областа на земјоделството во Македонија.