Почетна / Лозарство и овоштарство / Зголемен интерес на домашните туристи за музејот за вино

Зголемен интерес на домашните туристи за музејот за вино

Се зголемува интересот и на домашните покрај на странските туристи за посета на музејот на виното  во Демир Капија, за десет месеци музејот го посетиле вкупно околу 1.800 туристи, информира денес Цветанка Тодоровска Митрева, кустос во музејот. 

– Странските туристи од различни земји главно го посетуваат музејот во рамките на туристичките тури кои опфаќаат и посета на винарските визби во Демир Капија. Радува фактот што покрај странските туристи во последно време расте бројот на македонските граѓани кои сакаат да ја истражат сопствената земја и го посетуваат музејот кој е единствен од ваков вид на Балканот и меѓу ретките во светот. Нашите експонати говорат за историјата и културата на виното и садовите за вино  на овие простори од праисторија до денес – вели Тодоровска Митрева. 

Цел на музејските работници од овој музеј е во иднина во рамките на институцијата да никне и сувенирница во која странците кои доаѓаат ќе можат да купат сувенир за спомен од Демир Капија. (С.Д.)


Извор: http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=6AEFE7DF1175534C9D84233E4DFE8FC9

Check Also

Македонски вина претставени во Канадa

Македонски вина од винаријата „Далвина“ викендов беа претставени на традиционалниот меѓународен вински фестивал ,,Gourmet food&Wine …

Leave a Reply

Your email address will not be published.