Почетна / Лозарство и овоштарство / Зголемен е извозот на вино

Зголемен е извозот на вино

Зголемен е извозот на вино, изјави во кавадаречкото село Сопот заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски кој се сретна со тиквешките лозари. 

– Резултатите се очигледни. Минатата година имавме 970 милиони хектолитри извоз на вино од Република Македонија, што е за повеќе од 50 проценти што Република Македонија го имаше во 2005 година и ако 2005 година од извоз на вино имавме околу 27 милиони евра приход денес имаме повеќе од 45 милиони евра годишно од приход.

Тоа значи дека оваа гранка, овој сектор носи девизен прилив во Република Македонија и тоа е уште една дополнителна одговорност за нас во министерството одговорно да се однесуваме и кон лозарите и кон винариите. Во првите шест месеци од годината имаме дополнително зголемен извоз на вино за 14 проценти во однос на истиот период лани-кажа.

Повеќе од 90 проценти од грозјето годинава завршило во винарските визби. Околу 120 милиони винско грозје влегло во винариите, а 15 милиони килограми заминале за извоз.

– Она што ја карактеризира оваа гроздоберска сезона е дека бевме навистина одлично организирани. Со лозарите и винарите начелно се договоривме дека треба да имаме дијалог за и двете страни да бидат задоволни. Јас со задоволство можам да констатирам дека и винарите се позадоволни од минатата година а далеку позадоволни се и лозарите. Јас мислам дека оваа година ќе биде еден репер како треба да се организира еден откуп на грозје и во наредните години, со коректен однос помеѓу лозарите и винарите. Минатата година можеби храбро пред лозарите изјавив дека оваа година ќе биде година на лозарите. Тоа се потврди на некој начин а сите капацитети во  нашето министерство на чело со министерот и со мене се вложивме и имавме еден добар откуп на грозје оваа година-изјави заменик министерот.

Извор: http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=EEEECA70D90F954EBA7374CA9E59496F

Check Also

Македонски вина претставени во Канадa

Македонски вина од винаријата „Далвина“ викендов беа претставени на традиционалниот меѓународен вински фестивал ,,Gourmet food&Wine …

2 comments

  1. 712348 423778Nie and informative post, your every post worth atleast something. 553119

  2. 819020 375763Its exceptional as your other posts : D, regards for posting . 690160

Leave a Reply

Your email address will not be published.