Почетна / Вести Македонија / Земјоделците се залетаа да ги вадат субвенциите

Земјоделците се залетаа да ги вадат субвенциите

Од Централната банка велат дека Тутунска е целосно финансиски самостојна и дека и при значајни проблеми на НЛБ во Словенија тоа воопшто нема да се одрази на неа и дека е една од најстабилните и најуспешните во земјава.

Нема никаква опасност за заштедите на граѓаните во НЛБ Тутунска банка, смируваат од Народна банка, а и од самата банка откако утрово повеќемина од Прилепско побрзале да ги извадат парите од тамошната филијала во страв дека банката во иднина ќе нема пари поради проблемите на Нова љубљанска бакна во Словенија.

Директорот Ѓорѓи Јанчевски вели дека НЛБ Тутунска банка не чува пари во матичната банка во Словенија, туку дека е обратно. Тврди дека во моментов банката со која раководи има вишок од 300 милиони евра. Иако потврди дека од утрово има зголемен интерес за повлекување пари од филијалите на банката во Прилеп и во Битола, вели дека не станува збор за драматична ситуација. Засега нема детали за тоа колкава сума била повлечена од утрово.

Од Централната банка велат дека Тутунска е целосно финансиски самостојна и дека и при значајни проблеми на НЛБ во Словенија тоа воопшто нема да се одрази на билансот на банката овде. Зголеменото повлекување пари од сметките на оваа банка во одредени филијали НБРМ го оцени како резултат на неосновани шпекулации.

– Таа е една од најстабилните и најуспешни банки во Македонија. Сите банки во Македонија се посебни правни лица што работат според македонските закони и се супервизирани од НБРМ. НЛБ Тутунска е најдобрата банка во групацијата на НЛБ, не се потпира на финансирање од матичната банка, ниту може да ги одлее средствата во матичната банка. Депозитите на штедачите пласирани овде се пласирани во македонската економија, а не во словенечката – вели гувернерот Димитар Богов.

Од утрово неколку десетици прилепчани, меѓу кои најмногу примачи на субвенции, се упатиле кон НЛБ Тутунска банка да ги повлечат своите пари од трансакциските сметки. Во градот се проширила информација дека исплатата на штедните влогови и на субвенциите се доведени во прашање. Редица за пари имаше и на банкоматот на Тутунската банка.

Според штедачите, едната експозитура на Тутунска исплаќа во готово само субвенции, а во другата префрла само штедни влогови на сметки во други банки. Тутунарот Даниел Савески во редицата за субвенции чекал неколку часа да ги земе парите во готово затоа што му биле потребни за трошоци.

– Се плашам дека банката ќе се затвори. Таков глас се слушна. Затоа ги префрлам штедните влогови на сметка во друга банка. Не даваат готовина, само префрлаат на други банки – вели Рубинчо Станчески.

– Сомнително е. С` може да биде. Ќе ги барам парите во готово, ама не знам дали ги даваат – вели Цветан Божиноски.

Во прилепската филијала на Стопанска банка од Скопје велат дека последниве денови забележале нагло зголемување на влоговите на граѓаните.

Паниката меѓу граѓаните, најверојатно, се должи на нецелосните информации што тие ги имаат за функционирањето на банката овде и за проблемите на матичната Нова љубљанска банка во Словенија. Последната од низата лоши вести од оваа земја беше дека по Kипар, следна за спас од банкрот е Словенија.

Јанчевски: Имаме вишок пари, нема никаков ризик

Можам повторно да кажам дека нема никаков ризик за парите на граѓаните во банката затоа што сме преполни со пари. Во моментов располагаме со вишок од 300 милиони евра. Ситуацијата е нормална и нема потреба од грижи – вели Ѓорѓи Јанчевски, директор на НЛБ Тутунска банка.

Според него, нема потреба за загриженост кај штедачите и вели дека регистрираното повлекување не е драматично.

– Ние работиме според македонската регулатива, не можеме да чуваме пари во Љубљана, туку, напротив, тие имаат свои средства кај нас. Банката е стабилна, лани годината ја завршивме со добивка од 500 милиони евра, кои ќе ги реинвестираме овде – вели Јанчевски за „Дневник“.

Александра Томиќ,
Љупчо Мургоски

Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

5 comments

  1. 48759 63686Excellent weblog here! following reading, i decide to buy a sleeping bag ASAP 956510

  2. 937570 784101Hello! I merely would like to give a huge thumbs up for the fantastic information youve here on this post. I may possibly be coming back to your weblog for far more soon. 272135

  3. 751075 675068I like this internet site so significantly, bookmarked . 548262

  4. 899905 452926Hey man, .This was an exceptional page for such a hard topic to talk about. I look forward to reading numerous far more great posts like these. Thanks 195365

  5. 621777 631880I undoubtedly did not realize that. Learnt something new appropriate now! Thanks for that. 319779

Leave a Reply

Your email address will not be published.