Почетна / Вести Македонија / Земјоделците ќе можат да купуваат државни ниви

Земјоделците ќе можат да купуваат државни ниви

Тие ќе имаат можност да го купат земјоделското земјиште кое подолго време го обработуваат. Ова ќе им биде овозможено со новото законско решение што се очекува наскоро да го разгледа Владата.

Земјоделците ќе можат да го купат државното земјоделско земјиште кое подолго време го користат под концесија. Со нивна согласност Министерството за земјоделство ќе објави оглас на кој ќе можат да конкурираат сите заинтересирани земјоделци, а државната парцела ќе ја купи оној со највисока понуда. Владата на предлог на Министерството еднаш годишно ќе изготвува програма за државните парцели кои ќе бидат објавени на оглас.

Ова го предвидува новиот Закон за продажба на државно земјоделско земјиште кој започна да го изготвува Министерството за земјоделство во соработка со земјоделците и земјоделските здруженија и асоцијации. Цената и условите за продажба на земјоделското земјиште се уште не се утврдени, но во наредниот период преку заеднички средби и предлози ќе бидат прецизирани сите точки и законот ќе биде доставен на разгледување до Владата.
– Тоа е тренд во земјите од Европската унија и ние со креирање нов закон сакаме таа можност да му ја дадеме на оној којшто сака да си го купи земјоделското земјиште. За скоро време ќе биде доставен Предлог закон до Владата со кој ќе можат земјоделците да бидат свои на своето, со кој ќе можат да си го купат земјоделското земјиште кое го работат – истакна заменик министерот за земјоделство, Зоран Коњановски.

Тој појасни дека одредено земјоделско земјиште кое е дадено под концесија на 20 или 30 години не ќе може да се продаде доколку нема позитивно мислење од корисникот.
– Само ако тој сака да го купи земјиштето, тогаш ќе му дозволиме тоа да го направи на јасен и транспарентен начин – рече Коњановски.
Цената на земјоделското земјиште ќе се утврдува од стручни лица од Бирото за судски вештачења.

Земјоделците се задоволни и сметаат дека ваквата идеја е во нивни интерес затоа што ќе имаат можност долгорочно да ги планираат своите бизниси.
– Земјоделството мора да се заснова на долги патеки, а земјоделците мора да го планираат своето производство. Придобивка е тоа што идните земјоделци ќе планираат долгорочно што ќе инвестираат на својот земјоделски посед – изјави Андреја Секуловски од Федерацијата на фармери на Македонија

Вељо Тантаров, претседател на Асоцијацијата на земјоделци истакна дека земјоделците веќе подолго време имаат интерес за купување на земјиште.
– Најголем интерес покажуваат печалбарите и бараат начин на кој може да купат државно земјиште и да започнат бизнис со производство на земјоделски култури. Едно од нашите барања за новото законско решение е да може земјоделците кои ќе купат над 10 хектари земјиште, да и го исплаќаат на државата во рок од пет до 10 години.

Извор: vecer.com.mk

 

 

 

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

4 comments

  1. 810738 235901Wow, amazing weblog layout! How long have you been blogging for? you make blogging appear effortless. The overall appear of your internet site is amazing, let alone the content! 543005

  2. 638685 812443Should you happen to excited about eco items, sometimes be tough shock to anyone them recognise that to help make exclusive baskets just for this quite liquids carry basic steps liters associated ceiling fan oil producing. dc no cost mommy weblog giveaways family trip home gardening house power wash baby laundry detergent 914130

  3. 68062 46434Spot up for this write-up, I actually believe this internet website requirements a fantastic deal more consideration. Ill likely to end up again to read a great deal more, many thanks for that data. 407546

  4. 291647 707950Hi! I just wanted to ask if you ever have any problems with hackers? My last blog (wordpress) was hacked and I ended up losing many months of hard work due to no back up. Do you have any solutions to prevent hackers? 366244

Leave a Reply

Your email address will not be published.