Почетна / Вести Македонија / Земјоделците добија дисперзирани канцеларии во Босилово и во Василево

Земјоделците добија дисперзирани канцеларии во Босилово и во Василево

Во рамките на проектот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за доближување на администрацијата до граѓаните, во општинските центри Босилово и Василево започнаа со работа дисперзираните канцеларии.

Kако што изјави градоначалникот на Босилово, Љупчо Kолев, општината ги реновирала и ги подготвила просториите на канцеларијата, а опремата и административниот персонал е од подрачната единица на МЗВШ во Струмица.

– По Ново Село, и нашата општина, а со тоа и нашите земјоделци добија своја канцеларија во која најблиску и по најкус пат ќе ги добиваат потребните информации и помош од администрацијата. Во екот на прибирањето на плодовите од своите ниви, нашите земјоделци без поголеми трошоци и непотребно губење време ќе може да поднесат барања или апликации за субвенции, како и да добијат информации за можностите што ги нудат повеќето програми за развој на земјоделството – нагласи Kолев.

Дисперзирана канцеларија на МЗШВ е отворена и во општинскиот центар во Василево, а во рамките на овој проект ќе бидат отворени вкупно девет дисперзирани канцеларии во руралните општини. 

Целта е да им се излезе во пресрет на земјоделците, кои до 20 септември треба да ги поднесат барањата за субвенции. МЗВШ во овој период воведе двосменско работење во дисперзираните канцеларии од 8 до 21 часот.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

5 comments

  1. 366374 190283You produced some decent points there. I looked online for your problem and located many people will go together with with the internet site. 868047

  2. 648620 243154Just added this weblog to my favorites. I enjoy reading your blogs and hope you keep them coming! 816683

  3. 321386 647509An interesting discussion is price comment. I believe which you ought to write extra on this topic, it might not be a taboo subject but typically individuals are not enough to talk on such topics. Towards the next. Cheers 226200

  4. 412849 558717This website is my inhalation, actually great layout and Perfect written content material. 182060

  5. 460908 726804I adore your wp format, where did you get a hold of it? 242144

Leave a Reply

Your email address will not be published.