Почетна / Вести Македонија / Земјоделците да ги заштитат посевите од штетници

Земјоделците да ги заштитат посевите од штетници

Земјоделците да ја искористат секоја можност за заштита на посевите, редовно да ги прскаат особено поради најавата за нов бран врнежи во Македонија, велат агрометеоролозите.


Моментните услови поради високата влажност се особено погодни за развој на болести и штетници.
– За само еден до два дена може да се уништи целиот род зашто има премногу пламеница и пепелница. Тие може да направат катастрофа. Но, регистрирана е и појава на житна пијавица која тешко ќе се искорени зашто житата се веќе искласени, изјави Ангелко Ангелески од Управата за хидрометеоролошки работи.
Под ризик се, додаде, и овошките и виновата лоза.
УХМР за ноќва прогнозира обилни врнежи, локално и над 20 литри на метар квадратен.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

One comment

  1. 463013 741048How significantly of an unique post, keep on posting better half 40943

Leave a Reply

Your email address will not be published.