Почетна / Органско производство / Здравата храна станува иднина на земјоделството

Здравата храна станува иднина на земјоделството

Во 2007 година имавме 266 хектари под органско производство, а денес се евидентирани 5.266, додека бројот на фармери од 120 е зголемен на над 1.300

Органски мед, домати, пиперки, праски, но и пченица и аронија се само дел од производите што се нудат на домашниот и на странските пазари. Ако до пред две години не можеше да се најде органска храна во маркетите во државава, сега има специјализирани про26е-мдавници за таа намена. Статистички за пет години производството е зголемено за 2.000 отсто, а бројката на земјоделци што произведуваат органска храна од 120 е порасна на 1.300. За ова производство годишно по основа на субвенции се издвојуваат речиси два милиона евра субвенции. Во Министерството за земјоделство велат дека најголем дел од производството се продава од фармите на индивидуалните производители, но и дека дел завршува на странските пазари. Производителите велат дека се задоволни од поддршката што ја имаат, но дека на нивното производство му треба интензивна промоција.

– Побарувачката е с` уште мала поради недоволната информираност на потрошувачите. Се разбира, и цените се повисоки, па секој не може да си дозволи ваква храна. Но ако се зголеми производството, ќе има поголема понуда и цените ќе бидат пониски. Засега сме задоволни од владините субвенции, но ни треба поддршка од науката и мора да мислиме на здружување во кооперативи за поуспешен настап – велат во Сојузот на земјоделци на Македонија.

Во Министерството за земјоделство објаснуваат дека на органското производство треба да се гледа како на иднина на земјоделството.

– Македонија ќе продолжи максимално да ги искористува компаративните предности за органско производство, правната рамка во овој дел е веќе поставена, а финансиската поддршка постојано се зголемува. Ако во 2007 година поддршката беше околу 180.000 евра, денес е 1,8 милион. Ако тогаш имавме 266 хектари под органско производство, денес се евидентирани 5.266, а бројот на регистрирани фармери што се занимаваат со органско земјоделство од 120 е зголемен на над 1.300, што е повеќе од 1.000 проценти – велат во ресорното министерство.

Од таму објаснуваат дека оваа храна е одгледана или произведена по природен пат, без инсектициди, пестициди, вештачки ѓубрива, хормони за растење, антибиотици, вештачки адитиви, вештачки бои и храна која не е генетски модифицирана.

– Органското производство користи методи и начини на работа кои ја донесуваат до максимум плодноста на земјиштето, а истовремено го минимизираат штетното дејство на земјиштето, водата и воздухот врз здравјето како на производителите тако и на потрошувачите. Во средиштето на интересот се поставени методите и постапките на производство кои ги одржуваат природните ресурси и кои се приспособени на условите на односните локации. Органското производство се засновува на знаењето на земјоделците, на нивните способности и максимално се труди да ги вклучи во процесите на производство – објаснуваат во ресорното министерство.

Земјоделците велат дека органското производство го има речиси низ цела држава. Зависно од видот на производот, се издвојуваат некои региони во земјава каде што органското производство е повеќе застапено. Па така, во велешкиот, штипскиот и во радовишкиот регион најразвиено е органското сточарство, во Тиквешијата, освен производство на винова лоза и овошје, има големи производни површини под жито, особено јачмен и пченица.

– Ова е многу тежок и комплициран процес на производство. Се добива помал принос, но затоа цената е повисока и така се покриваат трошоците. Најмногу произведуваме органски житни култури. Од нив, пред с`, јачмен и пченица. Исто така, има органски овошни култури, најмногу лешници, бадеми и ореви. Во последните години с` повеќе се зголемуваат површините со градинарски култури – велат професорите од Факултетот за земјоделство и храна.

Во светот има и органско месо

Светските податоци говорат дека најпознати по органско производство се Белгија, Данска и Италија. Вкупната површина за органско земјоделство во светот лани изнесувала 26 милиони хектари. Австралија има најголема површина – од 11 милиони хектари. Следуваат Европа и Латинска Америка. Во светот се регистрирани 558.000 органски фарми. Во ЕУ доминираат пасиштата и добиточните аграрни култури, а потоа житата.Во сточарството на ваков начин се одгледуваат 2,8 милиона грла, а само 0,4 отсто зазема свињарството.

Валентина Ангеловска

Извор:http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=7A4A91E75C08DF488CFB53D6D1198CD8

12 comments

  1. 663282 486015You should participate in a contest for probably the greatest blogs on the internet. I will recommend this internet website! 165401

  2. 307561 998591Interesting site, i read it but i still have several questions. shoot me an email and we will speak a lot more becasue i could have an interesting idea for you. 567639

  3. 688324 842012Normally I do not learn post on blogs, even so I would like to say that this write-up quite pressured me to have a look at and do so! Your writing style has been surprised me. Thank you, quite fantastic post. 942558

  4. 77824 260989Outstanding post, I think blog owners ought to larn a lot from this site its rattling user friendly . 358141

  5. 105648 229620Very excellent information can be located on weblog . 132917

  6. 145414 547333This will be a great blog, could you be involved in doing an interview regarding how you developed it? If so e-mail me! 755573

  7. 971280 819476U never get what u expect u only get what u inspect 938667

  8. 243014 456153Last month, when i visited your blog i got an error on the mysql server of yours. ~, 254964

  9. 720158 826500Maintain websiteing stuff like this I actually am fond of it 717184

  10. 910968 578046Wow i like yur website. It actually helped me with the data i wus seeking for. Appcriciate it, will bookmark. 388015

  11. 472681 159533OK 1st take a great appear at your self. What do you like what do you not like so considerably. Work on that which you do not like. But do not listen to other folks their opinions do not matter only yours does. Work on having the attitude that this is who youre and if they dont like it they can go to hell. 723700

  12. 942210 115561Cheers for this outstanding. I was wondering in case you were thining of writing comparable posts to this one. .Maintain up the great articles! 484150

Leave a Reply

Your email address will not be published.