Почетна / Агроекономија и агробизнис / Вработените немаат поим за промените во фирмите

Вработените немаат поим за промените во фирмите

Во македонскиот агросектор постои социјален дијалог ако се земе предвид колективното договорање, но работниците речиси воопшто не се консултирани или информирани кога станува збор за евентуални промени во компаниите или нивното преструктуирање. Тоа, велат од Агросиндикатот, е голем пропуст.

– Инсистираме во секторот земјоделство да се стави тежина од сите аспекти за да може работниците овие прашања да ги бараат легитимно. Годинава почнавме со нивна едукација, но секако ова е голем минус – изјави претседателот на Агросиндикатот Живко Даневски на работилницата на тема: Информирани и искусни за одржливо земјоделствоо.
За жал, додаде тој, ЕУ директивата за информирање и консултирање на работниците на ниво на претпријатие е имплементирана во Законот за работни односи во 2010 година, а во општиот колективен договор за реалниот сектор е вградена годинава. Тоа значи дека во овој сегмент заостануваме десетина години зад Европската Унија.
– Ќе инсистираме ова прашање да се имплементира во колективните договори на сите нивоа, вистински да си го најде своето место, да не биде само напишано и од формален карактер, туку консултациите со работниците да продолжат заради заштита на нивните права и работни места – истакна Даневски.
Агросиндикатот ги заштитува работниците во земјоделството и прехранбената индустрија кои се на неопределено работно време.
– Веќе сме во преговори за клаузулата работодавачот да нема право да ги отпушта работниците на неопределено време ако во текот на годината анагажира повеќе од 8% сезонски работници. Идејата е, во соработка со синдикатите од западна Европа, да ги зачуваме работните места особено сега, во период на криза, зашто такви специјалности, обучени лица тешко се наоѓаат – нагласи Даневски.
Според него, интензивно се работи на социјалниот дијалог со работодавачите и тука напредокот е многу добар.
– Го заокруживме прашањето на сезонските работници и утврдивме најниска плата во колективниот договор со важност од 1 септември 2012. Со Организацијата на работодавачи веќе разговараме договорот за вработување да биде на две години, наместо на една, да се гарантира работа во две сезони, а не во една. Искуствата ги собираме од данските и холандските синдикати – рече Даневски.
Валентина Василионова од Независните синдикати на земјоделците од Бугарија и координатор на проектот Информирани и искусни за одржливо земјоделствоо порача дека само преку развивање, подобрување и зајакнување на социјалниот дијалог, како и на односите меѓу работниците и сопствениците на бизнисите може да се дојде до квалитетни, издржани решенија. Преструктуирањето на фирмите или која било друго промена мора да се спроведува во консултација со вработените.

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=B3330A2ACB439D4F839497B626B15AB1

Check Also

АгриМК на Агробизнис форум 2012

AIESEC Скопје во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна по вторпат организира тридневен …

One comment

  1. 923962 51819need to do very first? Most entrepreneurs are so overwhelmed with their online business plans that 860864

Leave a Reply

Your email address will not be published.