Почетна / Вести Свет / Во Србија се враќаат парите од купеното млеко

Во Србија се враќаат парите од купеното млеко

Сите кои дома се уште имаат залихи млеко од спорните серии можат да го вратат во продавниците од каде што го купиле и ќе им бидат вратени парите, пишува српски Новости.

Од српската органзиација за заштита на потрошувачите велат дека законска обврска на трговците е да ги вратат парите на муштериите затоа што се работи за неисправно млеко.

Поголемите српски маркети, според пишувањето на весникот, веќе почнале да го прифаќаат назад спорното млеко. Како доказ бараат фискална сметка, но и без неа, низ подолга процедурата, ги враќаат парите. Најлесно парите назад си ги добиваат тие кои пазареле со картичка.

Од организацијата на потрошувачите велат дека засега не добиле жалби од граѓаните.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Пченицата поскапе во Бугарија, ние увезуваме српска по стара цена

Цената на пченицата во Бугарија последниве десетина дена расте и е повисока за 4,6 отсто. …

Leave a Reply

Your email address will not be published.