Почетна / Вести Македонија / Во Прилеп одбележан Светскиот ден на тутунот

Во Прилеп одбележан Светскиот ден на тутунот

Со изложување тутун од повеќе производствени региони во земјава, на плоштадот „Александрија“ во центарот на Прилеп прв пат денеска е одбележан Светскиот ден на тутунот.

Манифестацијата која, според организаторите, треба да стане традиционална, ја востанови Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.

Како што вели Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија, ориенталните типови тутун што се произведуваат во Македонија се барани на светските берзи.

– Има иднина на тутунопроизводството во земјава. На светскиот пазар има потреба од ориентални тутуни. Од овој собир испраќаме апел до државата која го субвенционира производството да продолжи да ја поддржува оваа индустриска гранка, наспроти настојувањата на Светската здравствена организација да се намали производството во светот. Кај нас се произведуваат тутуни без адитиви и тука е нашата шанса за развој на тутунопроизводството кое има традиција од пет века, веднаш штом е донесен во Европа и од тогашната Отоманска империја на македонските простори, изјави Милески.

Од тутунот егзистираат од 200.000 до 250.000 жители, а со откупувачите се склучени 42.000 договори.

– Од производството може да се живее. Субвенциите се сигурни, ќе видиме како ќе се одвива откупот, вели Зоран Петров до струмичкото село Сушица.

Раководителот на Подрачната единица на Министерството за земјоделство Коста Дурланов смета дека тутунопроизводството ќе се зголемува, додека според Институтот за тутун, одлична е иднината на производството во земјава. – Нашите ориентални тутуни се барани во светот и опстанокот на ова култура е загарантиран, вели професорот Мирослав Димитриески.

На денешната манифестација Светски ден на тутунот се прогласени и најдобрите производители. Првонаграден е Гоце Петкоски од Прилеп кој произведува висококвалитетен ориентален тутун од типот „Прилеп“ и постигнува откупна цена од 210 денари за килограм, второнаградени се од здружението „Тутуноберачите“ од општина Могила, а третонаграден е тутунопроизводителот Зоран Јанев од село Сушево, општина Василево, кој произведувца ориентален тутун од типот „Јака“.

Извор: kurir.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

5 comments

  1. 771547 885774As I web-site possessor I believe the content matter here is rattling wonderful , appreciate it for your efforts. You must maintain it up forever! Very best of luck. 123776

  2. 423325 983226I see something genuinely unique in this internet site . 777449

  3. 103427 536132bless you with regard towards the certain blog post ive truly been looking regarding this kind of details on the web for sum time right now as a result cheers 752380

  4. 637035 373689To know wisdom and instruction, to perceive the words of understanding 894176

  5. 562905 925824Discover how to deal together with your domain get in touch with details and registration. Recognize domain namelocking and Exclusive domain name Registration. 16685

Leave a Reply

Your email address will not be published.