Почетна / Вести Македонија / Во Европа се јаде лазањи со коњско месо, но во Македонија не!

Во Европа се јаде лазањи со коњско месо, но во Македонија не!

Европа деновиве ја тресе аферата за коњско месо, па затоа владите на неколку земји веќе покренаа истрага да се открие кој се е вклучен во овој бизнис. Од македонската АХВ тврдат дека на македонскиот пазар нема смрзнати лазањи со говедско месо од шведскиот бренд “Финдус”.

На македонскиот пазар нема смрзнати лазањи со говедско месо од шведскиот бренд Финдус”, потврдија вчерашните инспекциски контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ кои што уследија веднаш по добиеното известување од британската Агенција за безбедност на храната дека смрзната храна од одредени производители, место говедско, содржи голем процент коњско месо. Како што информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ, и во иднина ќе има засилен мониторинг на операторите со храна во земјава, но истовремено ќе се следи и актуелната состојбата на европскиот пазар
– Во конкретниот случај не станува збор за проблем поврзан со безбедноста на храната, туку со декларирањето, поточно има прекршок кој се однесува на измама на потрошувачите – велат од Агенцијата.

Европа деновиве ја тресе аферата за коњско месо, па затоа владите на неколку земји веќе покренаа истрага да се открие кој се е вклучен во овој бизнис. Тие утврдија дека се практикувало во смрзната храна, наместо говедско месо, да се додава во одреден процент и коњско месо. Надлежните институции утврдиле дека дел од спорното коњско месо било по потекло од Романија.

Британската агенција за сигурност на храната информирала дека во лазањите со говедско месо на шведскиот производител Финдус” пронајдено е присуство на повеќе од 60% на коњско месо. Од Финдус” посочиле дека месото го набавиле преку француската компанија Комигел”, па од овие причини шест поголеми француски трговски ланци меѓу кои и Аушан, Касино, Карфур, Кора Монопри, и Пикард ги повлекле спорните лазањи, но и неколку други сомнителни готови јадења.
Покрај во Велика Британија, истрага за случајот е покрената и во Франција и Шведска. Но, интересно е да се спомене дека пред еден месец коњско месо е откриено и во хамбургерите кои се продавале во Велика Британија и во Ирска, а месото било декларирано од добавувач во Полска. Британскиот министер за земјоделство и животна средина, Овен Патерсон укажува дека плескавиците од коњско месо не се опасни за здравјето на луѓето, но дека аферата е криминална оти се измамени потрошувачите.

Случајот за плескавиците со коњско месо првично е откриен во Ирска, во Даблин,а бургерите потекнувале од ирска кланица. Таа била затворена, но подоцна се утврдило дека тоа доаѓало од кланица од Велика Британија. Експерти за храна проценуваат дека ваквата мешавинаа била практикувана насекаде каде се приготвува мелено месо за правење говедски плескавици, а тие ги користат рестораните за брза исхрана.

Романија ги отфрли сомнежите изразени кај некои членки на ЕУ дека романски фирми продавале коњско, наместо само говедско месо за бургерите во рестораните за брза храна и во готовите јадења од мелено месо. Премиерот Виктор Понта изјави во Букурешт дека по проверката што е направена, не се најдени никакви докази дека романските добавувачи на мелено месо не ги почитувале стандардите и нормите за производство на храна на ЕУ.

Балканот деновиве, пак, го тресе млечна афера, иако на македонскиот пазар нема млеко од трговските марки Дукатт и Виндијаа за кои хрватските ветеринарни власти изразиле сомневање дека има зголемена концентрација на афлатоксин М1, па ова млеко е повлечено од пазарите на Хрватска, Босна и Црна Гора. Од овие пазари деновиве е повлечена и туната Риал” увезена од Тајланд, бидејќи содржела високи количини на хистамин.

(В.Ма.)


Извор: vecer.com.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

7 comments

  1. 884679 373546you use a amazing weblog here! do you wish to earn some invite posts on my small weblog? 523509

  2. 453061 472777I wanted to say Appreciate providing these details, youre doing an excellent job with the site… 393468

  3. 190624 174245extremely good post, i in fact really like this web site, maintain on it 782960

  4. 708716 302777I dugg some of you post as I cogitated they were quite beneficial invaluable 653127

  5. 779321 655559you got a very excellent site, Sword lily I identified it via yahoo. 198047

  6. 418134 815747His or her shape of unrealistic tats were initially threatening. Lindsay utilized gun 1st basic, whereas this girl snuck outside by printer ink dog pen. I used completely certain the all truly on the shade, with the tattoo can be taken from the body shape. make an own temporary tattoo 496797

  7. 556669 59378The next time I learn a weblog, I hope that it doesnt disappoint me as much as this one. I mean, I do know it was my choice to read, however I really thought youd have something attention-grabbing to say. All I hear is a bunch of whining about something which you could fix for those that werent too busy in search of attention. 481310

Leave a Reply

Your email address will not be published.