Почетна / Вести Македонија / Во Џумајлија ќе се вложат 200 милиони евра и ќе се вработат 2.000 лица

Во Џумајлија ќе се вложат 200 милиони евра и ќе се вработат 2.000 лица

Премиерот Никола Груевски не сакаше да го обелодени името на инвеститорот, но информираше дела завршен е огласот за избор на концесионер за Џумајлија.

Инвестиција од најмалку 200 милиони евра во агрокомбинатот “Џумајлија” и вработување на две илјади лица најавува фирма-ќерка на позната мултинационална компанија која сериозно е заинтересирана за вложување во овој сектор. Премиерот Никола Груевски не сакаше да го обелодени името на инвеститорот, но информираше дела завршен е огласот за избор на концесионер за Џумајлија,
-Оваа компанија вели дека ќе инвестира над 200 милиони евра во наредните три години, како што налагаат условите во јавниот повик и оти ќе вработи најмалку две илјади лица – вели Груевски и појасни дека сега следи фаза на евалуација, а потоа и потпишување на договорот.
Според него инвестицијата е особено значајна, ќе значи голем препород за регионот кај Џумајлија, оти ќе се вработат и добијат егзистенција над две илјади невработени. Компанијата истовремено најавува дека ќе донесе над 20 илјади грла говеда, ќе изгради фабрика за сточна храна и млекарница со голем капацитет. Нивните планови се покривање не само на македонскиот и регионалниот пазар, туку да продаваат и низ цела Европа.

Се зголемува и бројката на зоните во земјава, така викендов во месноста Алинци кај Прилеп е поставен камен-темелникот за изградбата на новата Технолошко-индустриска развојна зона.Истовремено оваа Општина со брзо темпо ја оформува индустриската зона Прилеп 11, за мали и средни претпријатија каде се распродадени парцелите и наскоро ќе почне изградбата на капацитетите.
– Големите инвеститори во оваа зона ќе отворат и голем број работни места. Зоната има плански опфат од 67 хектари со можност за проширување на уште 35 и ќе биде поврзана со патна, водоводна, електрична и канализациска мрежа. Со ова и со условите во зоната Прилеп, Битола, Ресен, и околните населени места ќе добијат простор кој верувам дека ќе привлече голем број заинтересирани инвеститори-информираше Груевски.

Тој укажа дека паралелно со уредувањето на технолошко- индустриските развојни зони во државава и бројните економски мерки и стимулации, владините тимови задолжени за промоција на инвестициските можности за Македонија, продолжуваат со бројни презентации и промоции во многу светски земји.

Според директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо, оваа зона е една од 11-те во државава кои даваат резултати.
– Доказ за тоа се Џонсон контролсс и Џонсон Метии кои лани во вкупниот извоз на Македонија учествуваа со 16,3 проценти, а годинава се очекува нивното учество во извозот да биде 20 отсто – потсети Мизо.
За министерот за странски инвестиции Веле Самак во зоната со дополнителни проекти своето место ќе можат да го најдат и домашните фирми.

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, посочи дека со изградбата на оваа развојна зона и со индустриската зона Прилеп 11, каде сите парцели се распродадени, Прилеп се промовира како вистинска дестинација за привлекување на странски гринфилд инвестиции, но овозможува развој и на домашните фирми.
– Во Прилеп за една година се изготви Генералниот урбанистички план, донесени се детални урбанистички планови за овозможување на атрактивни локации не само за развој на економијата, туку и за нов станбен и деловен простор. Дваесетина локации во индустриската зона Прилеп 11 се продадени, се прави целосната инфраструктура и наскоро ќе се градат новите капацитети на претежно прилепските фирми со што ќе се обезбедат близу 2.000 нови вработувања-вели Ристески, нагласувајќи дека веќе се подготвува и другата индустриска зона Прилеп 22 за малото стопанство и лесната индустрија со можност за нови 1.000 вработувања. Според него со продажба на парцели на повеќе локации во градот, се отвора можност за понуда за 300 станбени единици, а тука е и новата современа европска населба Градина каде за парцелите постои огромен интерес.(В.Ма.)

Македонија излезе од рецесија со помош на градежништвото
Што се однесува за излезот на земјава од рецесија и растот на БДП од 0,2 проценти за третиот квартал од годинава премиерот смета дека тоа се должи на поддршка на градежништвото и странските инвестиции.
– Ме радува овој податок, затоа што во време кога голем број од државите во Европа се уште тонат во рецесија или некои од нив штотуку влегуваат, со сите напори што ги направивме за раздвижување на економијата се успеа некако да се излезе од неа. Успеавме да ги раздвижиме работите, но не е доволно, затоа уште повеќе ќе работиме на тоа – нагласи Груевски.
Тој потсети дека фокусот беше насочен кон градежништвото иако имаше голем број на критики, а втората значајна работа е што се успеа да се привлечат крупни компании што сега се главно моторна сила на економијата како “Џонсон Мети”, која го зголемува извозот за 18 проценти, а “Џонсон контролс” за 10 проценти.
Но, потсети премиерот Владата донесе и повеќе значајни мерки и реформски движења со кои им помогна и на домашните компании.

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=338F1243764BF64D96357BF62642DBAA

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

7 comments

  1. 425136 86504When do you believe this Real Estate market will go back in a positive direction? Or is it still too early to tell? We are seeing lots of housing foreclosures in Altamonte Springs Florida. What about you? Would love to get your feedback on this. 384204

  2. 649392 881979Hi there, just became aware of your blog by means of Google, and found that its genuinely informative. Im gonna watch out for brussels. I will appreciate in case you continue this in future. Lots of folks will likely be benefited from your writing. Cheers! 888883

  3. 943901 425236You need to participate in a contest for among the very best blogs on the internet. I will suggest this internet site! 641819

  4. 995382 333748As I web site owner I conceive the content material material here is rattling excellent , thanks for your efforts. 166562

  5. 447621 940561Pretty part of content material. I just stumbled upon your weblog and in accession capital to assert that I get really loved account your weblog posts. Any way Ill be subscribing on your feeds or even I success you access constantly quick. 552748

  6. 731474 304782Fascinating point of view. Im curious to feel what type of impact this would have globally? Sometimes men and women get just a little upset with global expansion. Ill be about soon to look at your response. 762927

  7. 352293 192854This internet site is typically a walk-through you discover the info it suited you about it and didnt know who need to. Glimpse here, and youll surely discover it. 197568

Leave a Reply

Your email address will not be published.