Почетна / Агроекономија и агробизнис / Владина поддршка за занаетчиите и брендирање на земјоделски производи

Владина поддршка за занаетчиите и брендирање на земјоделски производи

Владата со две нови мерки ќе даде подршка на македонското стопанство.

Брендирањето на земјоделски производи од наредната година добива поддршка од Владата, која ќе покрива половина од трошоците за брендирање. Добивање ознаки за квалитет во делот на земјоделските производи е предвидено со Законот, а досега се брендирани девет производи.

Портпаролот на Владата на Република Македонија Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција истакна дека целта на оваа мерка е да се зголеми бројот на брендирани земјоделски производи, кои пак ќе придонесат поголеми приходи за преработувачите.

Тој појасни дека од наредната година Владата ќе покрие 50 проценти од трошоците за изработка на елаборат и потребните анализи за добивање ознака за квалитет. Врз основа на направени анализи, како што рече Ѓорѓиев, трошоците за изработка на елаборатот и за потребните анализи за брендирање земјоделски производ се движат од 5.000 до 10.000 евра.

Владата ќе покрива 50 проценти од трошоците и за изработка на елбаорат во случај кога некој субјект сака да го користи веќе доделениот знак за квалитет на друг субјект. Пет проценти дополнителна финансиска субвенција од вкупната вредност на продадените производи ќе добие субјектот кој ќе се стекне со знакот за квалитет и со тој знак ќе ги продава производите на пазарот, а примарните производители пак ќе добиваат дополнителни субвенции доколку своите производи ги даваат на преработувачи кои користат знак на квалитет и тоа во висина од 0,5 денари по литар или  килограм предаден производ.

– На пример доколку некој  млекопроизводител го даде своето млеко на преработувач кој производува брендирано сирење тој покрај субвенцијата од 3,5 денари по литар млеко, ќе добие дополнителен половина денар по литар или вкупно четеири денари, или пак кај произведувачот на пиперка вкупната субвенција ќе биде три денари, рече портпаролот.

За поголема информираност околу предностите за добивање заптитени ознаки за квалитет, ЕУ легислатива за заштитни ознаки, процедури за добивање заштитени ознаки во Македонија, како и мерките за повисоки стандарди за квалитет на земјоделските и прехранбените производи од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2013 година, Владата ќе подготви и брошури, како и прирачници, а ќе бидат спроведени и обуки.

– Со целиот овој спектар на подршка за брендирање на земјоделските производи, планот е да се подигне нивната пазарна конкуреност и препознатливост, со што на пазарот би добивале повисоки цени токму заради квалитетот. Субвенциите пак кон примарниот земјоделски производ ќе овозможат поголема вертикална интеграција на пазарот и соработка на производителот со преработувачот, истакна Ѓорѓиев.

Досега меѓу брендираните производи се кочански ориз, малешевско бело сирење, старо бачило – бело сирење, тетовски грав, овчеполски мед, македонски ајвар…

Владата ќе даде и подршка на занаетчиството. Од следната година дефицитарните занаетчии нема да плаќаат комунална такса.

Според усвоената методологија од страна на Владата секој прв квартал во годината Државниот завод за статистика на својата веб страница ќе поставува листа на занаети во исчезнувања и оние кои се занимаваат со тие занаети во таа година ќе бидат ослободени од обврската за плаќање комунална такса.

Меѓу дефицитарни занаети според првичните анализи, како што додаде Ѓорѓиев, се саатчија, производство на музички инструменти, ковач, грнчар, лимар, казанџија, свеќар, крзнар, корпар-сувенирџија, самарџија, шапкар…, но конечната листа ќе ја утврди статистиката.

Ѓорѓиев посочи дека Владата подготвува стратегија на посеопфатна поддршка на занаетчиите.

Извор: http://kurir.mk/makedonija/vesti/90682-Vladina-poddrska-za-zanaetciite-i-brendiranje-na-zemjodelski-proizvodi

Check Also

АгриМК на Агробизнис форум 2012

AIESEC Скопје во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна по вторпат организира тридневен …

Leave a Reply

Your email address will not be published.