Почетна / Вести Македонија / Високите хипотеки и долгите процедури ги одбиваат земјоделците да бараат кредит

Високите хипотеки и долгите процедури ги одбиваат земјоделците да бараат кредит

Иако земјоделците имаат голема потреба од поволни кредити, посебно за капитални информации, многу тешко стигнуваат до поволна финансиска поддршка од банките. Најголеми пречки, според земјоделците, се високите хипотеки, малата информираност за условите, нереалната проценка на имотот како и сложените кредитни барања.

Недоволна информираност, хипотеки на објект или земјоделско земјиште, нерасчистени имотно-правни односи, нереална проценка на имотот како предмет за давање под залог, долги процедури и сложена документација, се најчестите причини поради кои мал број земјоделци аплицираат за добивање земјоделски кредити. Често бројната и сложена документација првично ги одбива земјоделците да се заинтересираат воопшто да аплицираат за кредити.
Според информациите од истражувањето Федерацијата на фармери (ФФРМ) и Центарот за економски анализи (ЦЕА), со поддршка на Центарот на иновации од АгБиз програмата, дополнителен проблем за земјоделците е и обезбедувањето жиранти зашто во денешно време на криза тешко некој се нафаќа на ваква услуга.

Од истражувањето спроведено врз 100 испитаници, 51% од испитаниците одговориле дека имаат мал број информации за добивање на земјоделски кредити, а 15% го навеле Земјоделскиот кредитен фонд (ЗКДФ) како кредитна линија за која имаат информации. Земјоделците се изјасниле дека имаат најголема потреба од кредити за капитални инвестиции, а помалку за репроматеријали.
– Не може да има профитабилно земјоделство, ако не се внесат свежи пари за модернизација на земјоделските стопанства и тоа го придвижува земјоделието да биде конкурентно. Се уште имаме мал број на информации за добивање на земјоделски кредити, а друг проблем е и имотно-правните односи кои што се уште не се расчистени. Фармерите се уште не водат сметководствена евиденција за нивните фарми и тешко може да стигнат до поволни кредити. Од друга страна, земјоделците не се одлучуваат на земање кредити и поради многу високи камати кои се движат од 12% до 15%, краткиот грејс период, проблемите со исплатата на ратите, а сметаат и дека периодот за враќање на заемот е релативно краток – изјави Андирја Секуловски од ФФРМ.

Според истражувањето, земјоделците сметаат дека за нив најповолна каматна стапка би била од 2% до 7% или во просек до 4%. Сите анкетирани наведуваат дека грејс периодот што го пропишуваат банките е краток и треба да биде подолг особено во сточарството каде треба да изнесува минимум 1 до 2 години, како и во овоштарството каде е најдобро да биде повеќе од 3 години.
-Управувањето со ризикот е од големо значење, тоа од една страна значи поголеми трошоци за земјоделците, креирани од државата како регулатор, преку законите и подзаконските акти, нивно често менување и немање доволно информации и континуитет. Потребни се обуки и подигнување на свеста кај земјоделците за можностите кои ги имаат и кои им се нудат – изјави Маријан Николов од ЦЕА.

На прашањето зошто е слаб интересот кај земјоделците за користење на 10,7 милиони евра за поддршка на агробизнисот со ниска каматна стапка, кои минатата година ги обезбеди Владата преку Македонската банка за поддршка на развојот, од Федерацијата на фармери посочуваат дека земјоделците не се доволно информирани за оваа кредитна линија, затоа и многу малку од нив аплицираат.

(Ал.С.)

Извор: vecer.com.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

6 comments

  1. 514539 357546Quickly and easily build your web traffic and PR, which provides Web web site visitors to add your page to any social bookmarking website. 193822

  2. 217202 368311Wow genuinely glad i came across your internet website, i??ll be sure to visit back now i??ve bookmarked it??. 918107

  3. 539001 331769Hiya! Great weblog! I happen to be a daily visitor to your internet site (somewhat much more like addict ) of this web site. Just wanted to say I appreciate your blogs and am searching forward for much more to come! 945454

  4. 999270 549653This site is typically a walk-through you discover the details it suited you about this and didnt know who need to have to. Glimpse here, and you will undoubtedly discover it. 528822

  5. 546717 131947Precisely what I was seeking for, thankyou for putting up. 464925

  6. 4195 596299The planet are in fact secret by having temperate garden which are normally beautiful, rrncluding a jungle that is undoubtedly undoubtedly profligate featuring so many systems by way of example the game courses, golf method and in addition private pools. Hotel reviews 864421

Leave a Reply

Your email address will not be published.