Почетна / Вести Македонија / Велигденска трпеза со јагнешко за 300 денари?

Велигденска трпеза со јагнешко за 300 денари?

Поголем дел од јагнето годинава ќе остане непродаден затоа што не е доволно пораснато, а причина е католичкиот Велигден е многу порано од нашиот.

Извозот на јагнешко месо годинава е драстично намален. Помали се количествата кои се бараат на италијанскиот и на хрватскиот пазар, а грчкиот воопшто не го бара македонското јагне. Производителите велат дека за разлика од другите години прекупците се помалку заинтересирани за извоз. Ќе значи ли ова дека целокупните количества ќе останат за домашен пазар и ќе се продаваат по намалена цена во домашните месарници, останува да се види за десетина дена кога официјално завршува извозот. Лани јагнешкото за велигденските празници се продаваше по цена од 400 денари за килограм. Во месарниците не веруваат дека цената ќе падне иако извозот е намален. Во кланиците објаснуваат дека намалувањето на извозот е поради несоодветната тежина на јагнињата.

– Извозот е скратен во однос на минатите години. Но многу се намалени и количествата што беа извезени во јануари. Почнавме со извоз на 9 март и извезуваме до крајот на оваа недела. По наше видување, поголем дел од јагнето годинава ќе остане непродадено затоа што не е доволно пораснато, оти католичкиот Велигден е многу порано. Разликата од нивниот и нашиот Велигден е голема во денови. Не знам дали ќе успееме ние четирите регистрирани кланици да ги извеземе количествата што се бараат за извоз на хрватскиот и на италијанскиот пазар – вели Ристо Михајлов – сопственик на кланицата „Серта компани“ која е најголемиот извозник на јагниња од државава. Според него, Грција годинава не се јавува воопшто како купувач.

– Во првите два месеца од годинава воопшто и да немаше извоз. Тоа јагне веќе не е интересно на пазарот бидејќи е прераснато. Се обидуваме да го пласираме на хрватскиот пазар, еден дел и на италијанскиот. Но, ќе видиме на крајот. Јагнињата со поголема тежина ни создаваат огромни проблеми бидејќи пазарот бара помали јагниња кои полесно се пласираат од покрупните. Голем проблем е исто така фактот што во Грција има многу заостанато јагне. Тоа ни конкурира на италијанскиот пазар со пониска цена – вели Михајлов. Според него, огромно незадоволство се создава кај сточарите со цената за килограм жива мера од 140 до 145 денари.

– Ние, сепак, зависиме од тие сточари и очекуваме добиточниот фонд да се зголеми, а не да се намали. Но тоа е економија и не може никој тука да влијае. Пазарот ја диктира цената – вели сопственикот и управител на „Серта компани“.

Експертите велат дека за католичките велигденски празници за продажба ќе има некаде од 180 до 200 илјади јагниња.

Сточарите се незадоволни од понудената цена од страна на трговците. Велат дека со неа не ги покриваат трошоците за производство. Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци вели дека цената на храната е неколкукратно зголемена, а цената за килограм јагне жива мера од 140 денари важи веќе повеќе од пет години.

– Извозниците имаат двојна заработка. Јагнето го откупуваат за 3 евра, а го продаваат во Италија за 5 до 6 евра за килограм. Нам ни велат дека бугарското јагне се нуди за 4,5 евра, но сите знаеме дека таму државата го стимулира одгледувањето – велат сточарите.

За нив е добро што државата дава субвенции за сточарството, но методологијата е погрешна.

– Покрупните сточари со повеќе овци добиваат помали субвенции, па има такви што ги намалуваат стадата за да земат повеќе пари. Сметаме дека треба да биде обратно, односно сопствениците на поголеми стада да добиваат повеќе. Така се стимулираат помалите сточари да станат поголеми и на тој начин да го зголемуваат добиточниот фонд – велат сточарите.

Граѓаните, пак, во очекување на еден од најголемите верски празници Велигден се надеваат дека намалениот извоз ќе ја намали и цената на домашниот пазар.

– Според пазарната логика ако има поголема понуда, треба да падне и цената. Но кај нас тоа обично не се случува бидејќи трговците едвај чекаат да заработат за празниците, па наместо да поевтинува, с` се поскапува. Не е чудно да го поминеме празникот со пилешко наместо со јагнешко месо бидејќи ќе биде „пресолено“ за нас – вели Велика Ристовска. Официјалните податоци велат дека Македонија на традиционалните пазари извезува околу 2.000 до 2.500 тони јагнешко месо. Вкупниот девизен прилив од извозот на јагнешко е околу 11 милиони евра на годишно ниво.

Валентина Ангеловска, Светлана Дарудова

Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

8 comments

  1. 159728 884761hello i discovered your post and thought it was very informational likewise i suggest this website about repairing lap tops Click Here 806460

  2. 187589 671770Hi. Cool article. There can be a difficulty with the web internet site in firefox, and you might want to test this The browser may be the marketplace leader and a huge portion of folks will miss your excellent writing due to this difficulty. 494465

  3. 139450 11397I genuinely dont accept this particular article. Nonetheless, I had searched with Google and Ive discovered out that youre appropriate and I had been thinking in the improper way. Keep on creating top quality material comparable to this. 913844

  4. 373735 72363really good post, i really really like this web website, maintain on it 871503

  5. 184851 951983Hi there! Nice stuff, please do tell me when you finally post something like this! 376268

  6. 965925 553635fantastic post, really informative. I wonder why the other experts of this sector do not notice this. You need to continue your writing. Im confident, youve a terrific readers base already! 532040

  7. 560215 33012Someone essentially assist to make severely posts I may state. That will be the extremely very first time I frequented your website page and so far? I surprised with the analysis you created to create this certain submit incredible. Magnificent task! 655730

  8. 480140 383586very good put up, i undoubtedly really like this web website, maintain on it 797473

Leave a Reply

Your email address will not be published.