Почетна / Вести Македонија / Уште 10 дена до можност за 10.000 долари за вашата зелена идеја

Уште 10 дена до можност за 10.000 долари за вашата зелена идеја

Конкурс за македонски организации и социјални претприемачи за зелени идеи/проекти ФИЛАНТРОПИЈА ПРЕКУ ЗЕЛЕНИ ИДЕИ

Во годината кога ЦИРа слави 10 години од своето постоење, во соработка со Фондот на Браќата Рокфелер (Rockefellers Brothers Fund) од САД, и во оваа 2013 година, распишува конкурс за избор на идеи/проекти за зелени претриемнички/бизнис идеи кои промовираат традиционална изработка на производи, поддршка на локални мали бизниси,кои користат ресурси од локалната заедница и кои потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.

Критериумите за учество и формуларот за аплицирање можете да ги погледнете на http://cira.org.mk/index.php/en/events/243–2013.  

Крајниот рок за доставување на проектите е 27 мај 2013, до 17:00 часот. Пополнетиот формулар доставете го на email: cira@cira.org.mk 

Терминот „зелени идеи“ означува идеи кои придонесуваат кон животната средина, кои користат ресурси од локалната заедница и кои придонесуваат кон одржливиот развој (интеграција на локалните, економските, социјалните и еколошките потреби и приоритети на заедниците).

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …