Почетна / Вести Македонија / Тутунарите тријат раце, цената на жолтото злато годинава до 200 денари за килограм

Тутунарите тријат раце, цената на жолтото злато годинава до 200 денари за килограм

За разлика од минатогодишната цена, која достигна 183 денари за килограм, годинава се очекува просечната цена на килограм тутун да достигне од 195 до 200 денари. Според првичните проценки очекувањата се дека годинава ќе бидат откупени 30.000 тони тутун.

Од 1 октомври почна раниот откуп на тутунот. Според информациите на терен од тутунопроизводителите, споредено со лани, годинава ќе имаме побогата откупна сезона. Со оглед на тоа што зголемени се засадените површини со тутун, а одличните временски услови беа во интерес на поголем квалитет на тутунот, тутунопроизводителите уште на стартот на сезоната тријат раце. За разлика од минатогодишната цена која достигна 183 денари за килограм, годинава се очекува просечната цена на килограм тутун да достигне од 195 до 200 денари. Според првичните проценки очекувањата се дека годинава ќе бидат откупени 30.000 тони тутун.

Никола Стаменов, претседател на здружението на тутунопроизводители “Жолто злато”, од Струмица вели дека реални се очекувањата за повисока цена на тутунот годинава, бидејќи квалитетот, во споредба со ланскиот, е многу поголем.
– Лани просечната цена на килограм тутун достигна 183 денари, а годинава тутунарите реално можат да очекуваат и до 200 денари за килограм, со оглед на квалитетот, вели Стаменов. Тој потенцира дека од година в година расте интересот на земјоделците за производство на тутун пред се поради загарантираниот откуп и државната поддршка за производство.
– Во согласност со стратегијата на Владата до 2017 година предвидено е производството на тутун да се субвенционира со 60 денари по килограм, што е причина плус за земјоделците да се одлучат да садат тутун и да ги зголемуваат површините засадени со жолто злато потенцира Стаменов.

Тој вели дека во изминатите неколку дена откупот се одвива нормало и додава дека исто како и минатата година не очекуваат проблеми на откупните центри.

Раниот откуп на тутунот започна на 65 откупни пункта и тој ќе трае до крајот на октомври, а од 1 ноември се очекува да започне редовниот откуп.

Според заменик-министерот за земјоделство, Зоран Коњановски, интересот за тутунопроизводството во земјава расте.
– Ако лани се откупија 27.000 тони, годинава се очекуваат околу 30.000 тони, потпишани се 42.000 договори, а интересот за производство на тутун расте зашто имаме стабилен откуп, здрави претпријатија кои откупуваат, квалитетен род кој се бара и стабилни континуирани субвенции од Владата, кои ќе продолжуваат и понатаму изјави Коњановски на отварањето на првите откупни центри на почетокот на неделата.

За Коњановски ова е битен сектор, производството и прометот на тутун и тутунски преработки, зашто во бруто домашниот производ учествува со 3,2%.

Во раниот откуп на тутунот, кој почна на почетокот на месецот, планирано е да се откупат од 6000 до 8000 тони тутун.

Земјава се наоѓа на 30 место по количеството на произведен тутун во светот, како и на 15 место по вредноста на остварениот извоз во светски рамки. Организираното производство на тутун во Македонија, во периодот од 2005 до 2012 година, во просек изнесува околу 24 илјади тони. Во 2012 година се склучени 29.090 договори за производство на тутун, а тоа значи работа за околу 30 илјади семејства, додека пак во тутунското стопанство, во постојан работен однос се околу 3.000 луѓе и 2.000 сезонски вработени.

Во вкупниот извоз од земјоделско- прехранбениот сектор, извозот на тутун и преработките од тутун учествува во просек со 26% , а во вкупниот извоз на Македонија со 4 до 5%.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

5 comments

  1. 389747 302903Youre so appropriate. Im there with you. Your weblog is surely worth a read if anyone comes throughout it. Im lucky I did because now Ive obtained a entire new view of this. I didnt realise that this issue was so essential and so universal. You completely put it in perspective for me. 441417

  2. 361675 589978magnificent issues altogether, you simply gained a logo new reader. 403190

  3. 570987 374249so facebook recommended me the pages food and eating ,,, yeah Im obese|HasmAttack| 374959

  4. 447665 177145Vi ringrazio, ho trovato che quanto scritto non sia completamente corretto 713715

  5. 319628 852396Thank you for the auspicious writeup. It in truth used to be a amusement account it. Glance complex to much more added agreeable from you! Nevertheless, how could we be in contact? 990998

Leave a Reply

Your email address will not be published.