Почетна / Вести Македонија / „Тиквијада“ во Гази Баба

„Тиквијада“ во Гази Баба

По повод 28 Ноември – Денот на тиквата, градинката „Детска Радост“ од општина Гази Баба денеска организира „Тиквијада“. Во сите четири објекти на градинката – „Мимоза“, „Темјанушка“, „Сончоглед“ и „Калинка“, родителите носат рецепти и подготвуваат храна од тиква, тикварник, колачи, печена тиква…

Се организираат креативни работилници каде се изработуваат предмети во вид на тиква од хартија, картон, пластелин, глина, тесто…

На овие креативни работилници присуствуваше и градоначалникот на општината Тони Трајковски, кој со децата изработи детали од тиква.

Подготвената храна, производи и изработки од тиква децата ги продаваат по симболични цени. Средствата се наменети за набавка на играчки.

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …