Почетна / Вести Македонија / Субвенциите за овчарството да се исплаќаат во август и септември

Субвенциите за овчарството да се исплаќаат во август и септември

Распределбата на земјоделските субвенции да продолжи зашто дава конкретни резултати. Евидентни се ефектите од досега реализираните 350 милиони евра.

Но, покрај ваквиот тип поддршка, оваа Влада изминативе години го намали и данокот на додадена вредност од 18 на 5 отсто, обезбеди поволни аграрни кредити со 2 до 3 отсто камата, го укина данокот за вршење земјоделска дејност на име катастарки приход, го намали персоналниот данок, а се укинуваат и даноците на имот, на трактори, кокошарници, штали, беше речено на второто продолжение на седницата на Надзорната комисија за земјоделство во Собранието.
– Ако овие пари што остануваат кај земјоделците се додадат на сегашните субвенции, ќе има многу голема поддршка за нашиот сектор – рече претседателот на Сојузот на земјоделците Вељо Тантаров, кој во улога на сведок одговораше на прашања од членовите на Комисијата.

Претходно, Меџит Амити, претседател на Здружението на одгледувачи на овци, во обраќањето, исто така како сведок, апелираше субвенциите за овчарството да се исплаќаат во август и септември.
– Евидентни се резултатите од субвенциите за овчарството, но треба да се даваат во август и септември. Само така сточарите ќе можат навреме да купат добиточна храна и да ги намалат производните трошоци – рече Амити.

Според него, за да има ефект, поддршката мора да се рапределува на вистинското место и во вистинското време.
– Владата треба да ги дава субвенциите на време, да купиме храна за добитокот зашто со продажба на овците ги исплаќаме работниците, а со продажба на сирењето ја купуваме храната за добитокот. Притоа, имаме и други трошоци кои треба да ги подмириме – нагласи Амити. Тој потенцира дека сепак, ако не беа субвенциите што државата ги исплаќаше изминативе години, македонското сточарство ќе беше веќе загрозено, со драстично намален број грла.

Ристо Велков, претседател на Сојузот на синдикати на земјоделските производители изнесе поинаков став. Субвенционирањето, рече, нема развојна компонента. Од 180 илјади регистрирани земјоделци поддршка добиваат 110 илјади. Притоа не е соодветен начинот на распределба и на исплата.
– Ние ги прифативме субвенциите, но начинот и постапките на нивно доделување не соодветствуваат на потребите. Нема ништо стимулативно во исплатата ако земјоделецот ги добие парите во лето догодина – истакна Велков.

На седницата сведочеше и Благоја Дунимаглоски, државен инспектор за земјоделство од Прилеп. Нему неколку прашања му упати пратеникот Горан Сугаревски од СДСМ, за незаконски користење површини од страна на Тутунскиот комбинат Прилеп, за неправилна распределба на субвенции укрњедни 1.400 евидентни листови од Подрачната единица на Министерството.
Расправата на Надзорната комисија беше прекината половина час откако пауза побара пратеникот од ДУИ Реџаил Исмаили поради, како што рече, несоодветното однесување на претседателката на Комисијата, Ленче Николовска. Неговата забелешка беше дека Николовска тенденциозно им поставува хипотетички прашања на сведоците со што ја наведува дискусијата во сосема поинаков правец наместо да се држи до утврдениот дневен ред.

Комисијата почна со работа на 4. септември годинава. Првото продолжение на седницата се одржа на 20. истиот месец.

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=AC885DAC16EF7144BF489C7B8319DD90

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

8 comments

  1. 293366 462861I like this post, enjoyed this one thanks for posting . 555352

  2. 917060 420538The electronic cigarette makes use of a battery and a small heating aspect the vaporize the e-liquid. This vapor can then be inhaled and exhaled 130515

  3. 470331 921484If I should say something, then nothing will stop the chatter within 815059

  4. 635678 313839some truly interesting information , properly written and broadly speaking user genial . 205682

  5. 541283 898368For anyone among the lucky peoples, referring purchase certain products, and in addition you charm all of the envy of all the the a lot of any other folks around you that tend to have effort as such make a difference. motor movers 275833

  6. 412848 83859Hey there! Nice post! Please inform us when we will see a follow up! 176842

  7. 342095 798413hey, your internet internet site is outstanding. We do appreciate your work 504949

  8. 499809 808917I like this blog so a lot, saved to bookmarks . 869506

Leave a Reply

Your email address will not be published.