Почетна / Вести Македонија / Стотици млади се враќаат на градските бавчи

Стотици млади се враќаат на градските бавчи

Одвај чекам да заврне дожд. Тогаш на улицата Рузвелтова мириса на старо Скопје.

Kога ќе дувне ветерче, силно го чувствувам мирисот на листовите од домашни домати, опива босилекот, ми ги скокотка спомените мирисот на нане и шимшир, вели една сосетка на Димитар Самарџиев, од Скопје, ентузијаст и еден од стотиците млади револуционери кои полека ја создаваат органската храна во заборавените скопски бавчи, наследени од деда си.

Во последните години, стотици, ако не и илјадници млади образовани, самосвесни луѓе решија да променат нешто во себе, да ги заменат утринските танцувања по дискотеките, со танцување во своите органски бавчи.

Многумина од нив саксиите на терасите ги претворија во гнездо за разни зеленчуци, некои од нив се вратија во дворовите на своите баби и дедовци и по нивните стапки одгледуваат зеленчуци и овошки на стар традиционален начин, без прскања и токсични адитиви и ѓубрива. С` е органско.

Здравиот мирис на оваа органска револуција успева да ги заведе и најтврдокорните компјутерџии, правници, лекари….

Урбана бавча по теркот на дедо

Самарџиев, кој сега работи како менаџер во бањата „Негорци“ во Гевгелија, вели дека помалку е опасно да јаде зеленчук и овошје одгледано во двор или на тераса на улица во близина на центарот на Скопје отколку земјоделски производи прскани десетици пати пред да созреат.

– Пред три-четири години неуко зачекорив во бавчата на дедо ми за да учам и да експериментирам на мал простор според начелата на пермакултурниот дизајн. Таму веќе имаше кајсија, вишна, праска, лозници, јаболкница, лешник, јапонски јаболка и разновидни цвеќиња под овошните дрвја. Сето тоа на готово на улицата Франклин Рузвелт среде Скопје! Баба ми ми раскажуваше дека тука бил работ на градот, а понатаму биле само ниви. Ми се чини дека деновиве луѓето си ги протегаат екстремитетите многу подалеку од рабовите на чергичето. За малку ќе се откажев од помислата во градината да садам, вадам и да јадам, оти ми се чинеше премногу сложен и тежок потфат. Се обидувам да применувам некои аспекти од пермакултурниот дизајн додека одгледувам растенија на мал простор среде град за лична прехрана. Се радувам што спиралата со зачински билки, компостот, кулата за калифорниски црви и други елементи од градината ги правев заедно со пријателите, кои исто така го изучуваат пермакултурниот дизајн и негуваат градини, објаснува Самарџиев, кого го затекнавме во неговата бавча.

Тој додава дека целта му е наскоро да се обиде од експерименти во бавчата да се префрли на поголем простор некаде надвор од градот, можеби во Гевгелиско, каде што има многу плодна и здрава земја.

– Познавам неколку семејства, кои се преселија пред години и веќе живеат така, па би се обидел и јас. Има многу причини да одгледувам зеленчук, овошје и зачински билки. Првата е храната. Просто, водата и храната се предусловите за преживување. Што може човек да направи за да преживее? Може да се обиде да си најде извор со пивка вода и во близина да си одгледува јадливи растенија. Последнава можност пред десетина години ми прозвуче примамливо, додава Самарџиев кој е дел од здружението „Зелената арка“ во кое со уште дузина млади создаваат бавчи и се обидуваат да одгледуваат здрава храна.

Мали чекори за големи бавчи

Ова движење е толку силно, што на социјалните мрежи веќе има неколку сериозни странци каде што овие „органски“ луѓе разменуваат стари семиња за домати или за пиперки, зачувани од некоја баба по селата. Не сакаат и одбиваат ГМО-храна. Во размената на семињата се многу сериозни и одговорни, точно бележат од која сорта е и од каде потекнува.

Органското одгледување е начин на одгледување храна која подразбира минимално или никаква употреба на вештачки ѓубрива и други адитиви. Ова производство моментно зазема два отсто од пазарот на храна во Европската Унија и исто толкав процент фармери се одлучиле да произведуваат храна на органски начин.

Движењето за органско производство почнало во средината на 20 век, кога неговите почетници забележале дека градинарството и производството на храна тргнало во погрешна насока. Почнале со мали чекори, па своите заборавени бавчи многу бргу ги претвориле во оази за здрава храна. Денес органските методи ги применуваат во светот, од мали домаќинства до големи фарми. Во последно време органските методи се применуваат дури во јавните паркови, на спортските терени, дури и дел од политичките насоки с` повеќе се приспособуваат на органското.

И охриѓанката Ена Видак има своја оаза која смета дека да се има и да се посвети време во органска бавча е начин на живот, всушност животна филозофија. Покрај независноста и слободата што ја чувствуваат како семејство поради производство на здрава храна, на овој начин го надополнуваат и домашниот буџет со вишокот род што го продаваат.

– Тоа е работа на избор. Иако имам уште многу да учам, бидејќи претходно немав никакво искуство со градинарството, одлуката беше вистински предизвик за мене. Органската бавча со мојот сопруг, ја имаме само две години, но значително напредував благодарејќи на достапноста на информациите на интернет од областа на пермакултурата, како и совети од некои мои пријатели, кои ги паметат и ги спроведуваат старинските начини за одгледување зеленчук и овошје. Сите тие тајни ги чувам запишани во дневник. Сето тоа исто така бара многу време, многу читање и многу знаења преточени во практиката, што е и единствен начин на стекнување сопствено искуство, вели Видак.

Таа додава дека кога секој десетти човек на планетава би се занимавал со органско градинарство, сигурно ќе нема глад на нашата планета, а ни болести.

– Мојата исхрана во најголем процент се состои од зеленчук, како и овошје, а во комбинација со босоного одење, практикување соларна јога и времето поминато во бавча во директен контакт со природата, каде што неизоставен дел се и животните, како и инсектите, во целост се заокружува мојата потреба за една здрава и природна енергија. На секого му е неопходна, првенствено за добро здравје, здрав ум, дух и тело, ослободување од стресот, прочистување од електронскиот смог, како и загадената средина. Освен тоа, преплавени сме со индустриски третирана храна, како и разни земјоделски производи кои се третираат со опасни по здравјето и природата хемикалии. И која би била смислата да се јаде повеќе овошје и зеленчук, ако истото е загадено со пестициди. Затоа решив да произведувам своја храна, која ќе биде третирана исклучиво со 100 отсто природни препарати. Така се случи мојата бавча, распослана на околу 300 квадратни метри, во близина на Охрид, со над 30 вида зеленчуци и по некоја овошка, како што се далеку познатите охридски црешни, 100 отсто органски, додава Видак.

МариЈа Доневска, социолог

Движење со карактеристики на мода

Некогаш пермакултурата важела за револуционерна идеја, но денес е модел по кој се креираат цели градски квартови. Паркови, домаќинства и земјоделски имоти се сфаќаат како простори погодни за производство на здрави билки и животни. Тој концепт претставува нова филозофија на односот кон природата и глобално е застапена како во богатите европски градови така и во сиромашните африкански земји, денес достигнува посебна популарнот.

Социолозите, наспроти уверувањата дека станува збор за животна филозофија и начин на живот, велат дека оваа органска револуција се должи на светската економска криза, но најверојатно станува збор за мода.

Социологот Марија Доневска вели дека со оптимизам го следи ова движење кај дел од младите.

– Се разбира станува збор за многу позитивна работа која во моментов го отсликува начинот на живот кај младите. Нема ништо лошо во тоа што се грижат за своето здравје и притоа преземаат конкретни работи како што е одгледување храна на еколошки начин. Се разбира низ историјата има разни социјални револуции кои настанале од различни причини контра од оние што ги диктираат актуелните политики. Но, секако, може да се каже дека станува збор за мода, додава Доневска.

Извор:dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

20 comments

  1. 191881 710731Hey, are you having issues with your hosting? I necessary to refresh the page about million times to get the page to load. Just saying 372460

  2. You are totally right and I definitely trust you. Whenever you wish, we could as well talk around residential intercom system, a thing which intrigues me. The site is great, take care!

  3. You created some decent points there. I looked online for the concern and identified most individuals will go along with with your internet site.

  4. Hello! This is my very first reply on your site so I simply wanted to give a fast hello and say I truly enjoy reading your articles. Can you suggest any other websites that deal with instagram followers boost? I am likewise very interested in that! Many thanks!

  5. Our LGV (Large Goods Vehicle) HGV training is based in East London, and our LGV/ HGV courses are taught by qualified DVSA LGV & HGV trainers. LGV was formerly known as HGV, where it used to be referred to as HGV Class 2 (now called LGV Category C) and HGV class 1 (Now called LGV Category C+E).

  6. Hello there can you tell me which platform you’re making use of? I am planning to get started with my own site on free tv shows online very soon although I’m having difficulties making a choice.

  7. You are certainly right, I would really enjoy to learn even more on this topic! I am also interested by personal injury lawyers since I feel it really is quite unique these days. Keep this up!

  8. Hey! This is my very first comment on this site so I simply wanted to give a quick hello and tell you I genuinely enjoy reading your blog posts. Can you recommend any other blogs that deal with ethereum wallet? I’m likewise extremely fascinated by that! Thanks a ton!

  9. I constantly look over your articles carefully. I’m furthermore fascinated by small lawn mower, perhaps you could talk about that sometimes. Take care!

  10. Spend night in desert, book our Overnight desert safari tour and spend night under dazlling stars.

  11. Hey, you are definitely correct. I always go through your posts carefully. I’m furthermore thinking about canon printer support, you might discuss this sometimes. Bye!

  12. It was actually wonderful reading this info and I think you’re entirely correct. Tell me in the event that you’re looking into bitcoin converter, that is my primary competency. I’m hoping to hear from you in the near future, take care!

  13. You’re certainly right and I totally agree with you. Whenever you want, we might also chat around arcade games, one thing which intrigues me. The website is really amazing, take care!

  14. You are certainly right and I totally understand you. Whenever you wish, we can also chat about shipping companies, one thing which intrigues me. Your website is really impressive, best wishes!

  15. Appreciating the commitment you invested in your site and detailed information you display. It is wonderful to find a site occasionally which is just not the similar out of date re-written information. Awesome read! We have bookmarked your website and I am adding your RSS feeds to my own shipping options web page.

  16. 149073 454420Sweet website , super layout, actually clean and utilize genial . 107799

  17. Hello! I just found this website and I truly like it. I like to discuss mesothelioma law cases occasionally. Great to be around, cheers!

  18. Hey, you are absolutely correct. I frequently read through your site content thoroughly. I am also curious about free new movies online, you might talk about that from time to time. Have a great day.

  19. Greetings! This is my first visit to your blog! We are a group of volunteers and starting a new project in a community in the same niche. Your blog provided us useful information to work on. You have done a extraordinary job!

  20. You are certainly right, I’d love to know more info on that subject! I’m as well fascinated by tooth filling since I feel it really is quite trendy in these days. Keep it up!

Leave a Reply

Your email address will not be published.