Почетна / Вести Македонија / Србите пак се закануваат со земјоделско ембарго

Србите пак се закануваат со земјоделско ембарго

Србија ќе го ограничи увозот на вино, грозје и на домати од Македонија. Тоа ќе биде дел од реципрочните мерки што српското министерство за земјоделство ги подготвува како одговор на ограничувањето на увозот на брашно и на пченица од страна на македонската Влада, пишува белградскиот весник „Новости“.

Поради тоа што македонските власти не го укинаа ограничувањето на слободниот увоз на српските пченица и брашно, Србија сега најавува дека ќе го отежне увозот на македонските вино, грозје и домати за српскиот пазар. Kако што пишува весникот „Новости“, овие производи ќе бидат први на удар како дел од реципрочните мерки на српското министерство за земјоделство.

Македонија не го почитува постигнатиот договор да се укине уредбата за ограничување на увозот на пченица од Србија, со што домашните земјоделци трпат загуба, пишува весникот и додава дека ова не е првпат Македонија да го ограничува увозот од Србија. Тоа, според изјавата на советникот за земјоделство во Стопанската комора на Србија, Милан Простран, е показател дека земјите потписнички на ЦЕФТА не се подготвени во целост да ги отворат своите пазари.

– Сакавме да избегнеме трговска војна, која не е добра за двете страни. Но ние мора да го заштитиме домашното производство – вели Данило Голубовиќ, државен секретар во министерството за земјоделство.

Според Голубовиќ, Србија досега била толерантна, но македонската страна, вели тој, го крши договорот за слободна трговија.

– Сакавме проблемите да ги решаваме преку институциите на ЦЕФТА. Бидејќи нашите соседи не ја укинаа уредбата за ограничување увоз на земјоделските производи, принудени сме да реагираме и да го ограничиме увозот на македонските вино, грозје и домати – вели Голубовиќ.

На ваквата реакција им претходеа повеќе договори на македонските и на српските претставници, состанок на ЦЕФТА во Србија, но и официјална посета на српскиот министер за земјоделство во Македонија. Сепак, и покрај најавите за надминување на проблемот, нема поместување на ставовите од двете страни.

Македонија од први јули воведе привремена мерка, според која, за еден килограм увезена пченица македонските увозници мораа да купат три килограми домашна, а за еден килограм српско брашно, требаше да купат четири килограми домашна пченица. Владата ја воведе оваа мерка по барање и на производителите и на мелничарите заради надминување на проблемот со нелојалната конкуренција.

– Мерката се воведува бидејќи постои опасност од сериозно нарушување на пазарот со пченица во претстојниот период, што може да ги загрози целите на националната земјоделска политика, а со цел ублажување на дебалансот на пазарот – изјави неодамна Љупчо Димовски, министер за земјоделство.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

6 comments

  1. 571625 416553Sweet internet website , super style , actually clean and utilize genial . 161572

  2. 980837 421192Id forever want to be update on new articles on this web site, bookmarked ! . 178980

  3. 786864 209544Hey. Neat post. There is really a difficulty together with your internet site in firefox, and you could want to check this The browser is the market chief and a large component of other folks will omit your exceptional writing because of this difficulty. 749780

  4. 891369 446336excellent post, very informative. 907309

  5. Very interesting points you have remarked, appreciate it for putting up.

  6. 537914 201518Im sure your publish and internet web site is incredibly constructed 182813

Leave a Reply

Your email address will not be published.