Почетна / Вести Свет / Србите љубоморни на македонските цени

Србите љубоморни на македонските цени

Буџетот на македонските и на словенечките граѓани лани најмалку бил погоден од поскапувањето на храната споредено со другите земји од поранешна Југославија. Најлошо поминале Србите, каде што цените на храната скокнале најмногу, а веднаш зад нив се Хрватите и Црногорците, покажува споредбената регионална статистика.

Според статистичките податоци на земјите од поранешна Југославија, храната во Србија во мај поскапела за 12,9 отсто споредено со една година претходно. Во Хрватска и во Црна Гора за истиот период цените на прехранбените производи се зголемиле за 6,5 отсто, а во Македонија тој процент е 5,3. Најдобро поминала Словенија, каде што за една година храната поскапела за 3,3 отсто.

Српските здруженија за заштита на потрошувачите сметаат дека монополизираноста и затвореноста на нивниот домашен пазар е главна причина за високиот раст на цените на храната во Србија. Тие како позитивен пример за споредба ја земаат Македонија.

– Недозволиво е цените на домашните производители да се многу повисоки во споредба со истите производи во земјите од нашето опкружување. Просто ги пара ушите податокот дека маслото за јадење во Србија поскапело 15 отсто, а во Македонија истото тоа масло, од истиот производител поскапело само 1 отсто – вели Горан Поповиќ од Националната организација на потрошувачи на Србија за тамошните медиуми.

Српските експерти коментираат дека е многу тешко да се прават споредби на степенот на поскапување во регионот. Тие објаснуваат дека на малопродажбените цени влијаат многу различни фактори што се разликуваат од земја до земја, како, на пример, курсот на националните валути или трговските маржи, кои се различни секаде. Но, како еден од главните фактори што влијае врз цените на храната ги споменуваат субвенциите.

– Сепак, што се однесува на Хрватска и на Словенија и на тоа што кај нив поскапувањата се помали, причините треба да се бараат во многу поголемите субвенции што државите ги даваат во земјоделството за разлика од Србија. Можам слободно да кажам дека во овие земји субвенциите се три до шестпати поголеми отколку во Србија. Сето тоа се одразува врз цените. Ниските субвенции водат кон раст на цените на храната – вели за српска „Политика“ Воислав Станковиќ, експерт во Стопанската комора на Србија.

И македонските експерти се согласни дека не треба да се гледаат само голите бројки, туку поскапувањата треба да се анализираат од неколку аспекти. Професорот во пензија Борис Анакиев смета дека субвенциите влијаат врз висината на поскапувањата, но објаснува дека и неколку други фактори влијаат врз цената на храната во Македонија.

– Прво, имаме релативно поволни услови за нејзино производство, особено на овошје и на зеленчук. Второ, врз цените влијае и животниот стандард на населението. Сепак пазарот се ориентира според куповната моќ на граѓаните, односно дали тоа може да се продаде по конкретна цена. Население со понизок стандард потешко ќе поднесе и помал процент на поскапување – вели професор Анакиев.

Според него, дополнителен проблем во ваквите анализи создава фактот што кај нас нема точна информација колку субвенции исплатила Владата.

– Нема податок дали ги исплатиле сите пари како што објавуваат или дел останале само ветувања. Нема такво мерење. А токму тоа ќе покаже дали и колку субвенциите навистина влијаат врз цените на храната. Вакви голи статистички бројки не се доказ дека нашата храна навистина е најевтина во регионот. Тука влијаат и многу други фактори – вели Анакиев.

Цените зависат од трговските маржи

Најголем скок во цените во сите земји е забележан кај зеленчукот, при што апсолутен рекордер е Црна Гора, каде што градинарските производи за една година поскапеле за 40 отсто. Жителите на Хрватска и на Словенија плаќаат за 22 отсто поскап зеленчук, а на Србија за 14,8 отсто. Во поглед на цените на градинарските производи Македонците се во најповолна позиција бидејќи за една година во земјава тие поскапеле за 9,8 отсто.

Аналитичарите од земјите од поранешна Југославија немаат единствен одговор зошто разликите во процентите на поскапување се толку големи од земја до земја. Сите потенцираат дека малопродажбените цени во секоја земја зависат и од различните трговски маржи, поради што е многу тешко да се најде заедничка причина за поскапувањата.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Пченицата поскапе во Бугарија, ние увезуваме српска по стара цена

Цената на пченицата во Бугарија последниве десетина дена расте и е повисока за 4,6 отсто. …

3 comments

  1. 142534 418832Do folks still use these? Personally I adore gadgets but I do prefer something a bit more up to date. Still, nicely written piece thanks. 202060

  2. 863328 282613Thank you for your extremely very good information and feedback from you. san jose car dealers 574311

  3. 638902 465652Up to now, you demand to term of hire an absolute truck or van and will also be removal equipments to valuable items plus check out the new destination. From the long run, which end up with are couple of items except anxiety moreover stress and anxiety. removals stockport 95511

Leave a Reply

Your email address will not be published.