Почетна / Вести Македонија / Србите крадат сами од себе и извезуваат во Македонија

Србите крадат сами од себе и извезуваат во Македонија

Над 90.000 тони пченица од стоковите резерви на Србија коишто беа злоупотребени пред неколку месеци, како брашно по дампинг цени се увезува во Македонија. Тоа го руши домашниот пазар и откупната цена на пченицата.

 

Додека Србија прави притисок врз македонската влада да ја укине мерката за условен увоз на пченица и брашно, бидејќи со тоа се крши договорот на ЦЕФТА, македонскиот пазар е преплавен со српско евтино брашно, коешто кај нас се продава двојно поевтино отколку во Србија.
Според податоците од Министерството за земјоделство, само во последните 18 месеци од Србија влегле над 70.000 тони брашно и тоа по многу ниски цени. Ова според министерот за земјоделство Љупчо Димовски е главниот аргумент на Владата во трговската војна која ја започна Србија.
-Изминативе месеци во Македонија се увезени 153.000 тони пченица и 70.000 тони брашно што значително го наруши домашниот пазар. Поради големите злоупотреби на државните стокови резерви во Србија огромни количини брашно по многу ниски цени влегоа на македонскиот пазар, што направи дисбаланс, истакна министерот Љупчо Димовски на вчерашната расправа во Собранието за состојбата со откупот на пченица годинава.

Тој пред пратениците презентираше фискални сметки и цени на српско брашно на македонскиот и на српскиот пазар и потенцираше дека со овие аргументи Македонија им се спротивставила на притисоците на српската страна.
– Како резултат на проневерата на државните стокови резерви во Србија, огромна количина на брашно влезе на македонскиот пазар изминатиот месец, по многу ниски цени, потврдува Тодор Ѓеорѓиевски од Мелница Кадино. Тој потенцира дека српските млинови се во голема криза, немаат пари за да ги подмират долговите и веројатно тоа е причината поради која е направена злоупотреба на пченица.
– Бидејќи не можат да го продадат на српскиот пазар, голем дел од пченицата преработена во брашно заврши по дампинг цени во Македонија, потенцира Ѓорѓиевски.

Николчо Ѓоргиев, сопственик на Мак Млин од Чешиново, прашува како е можно килограм српско брашно на македонскиот пазар да чини 16 денари, а истото брашно во Србија да се продава по цена од 24 денари за килограм.
-Србија извезува брашно во Македонија по дампинг цени и го нарушува пазарот. Како може еден килограм брашно во Србија да биде поскапо од еден килограм брашно во Македонија, а притоа ние да сме го увезле од Србија – прашува Георгиев.

Според податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство во првите седум месеци од 2012 година се увезени вкупно 29.800 тони пченично брашно, за разлика од 28.605 тони увезени во периодот од 1 јануари до 7 јули годинава. Над 89% од брашното доаѓа од српскиот пазар.
Со цел за заштита на домашниот пазар од увозното српско брашно Владата направи законски измени според кои брашното ќе може да се продава само ако има контролна маркичка, а со него ќе може да тргува исклучиво оператор регистриран за таа дејност. Количините што ќе се увезат ќе мора да се сместат во магацини со соодветни услови за чување и да се испитаат во овластени лаборатории за квалитет.

Димовски: Условен увоз на пченица додека не заврши откупот
Министерот за земјоделство Љупчо Димовски на вчерашната собраниска расправа за откупот на пченица уште еднаш потврди дека одлуката за условен увоз на пченица и брашно од Србија нема да се укине се додека не заврши откупот на домашното лебно жито и додека пазарот со брашно не се избалансира.

Тој порача да не се шпекулира кога ќе заврши откупот. Неговите проценки се, како што рече, дека преземањето на количините ќе трае до втората половина на август. Се очекува да бидат откупени околу 150.000 тони пченица
Оваа мерка, напомена Димовски, е воведена по барање и на производителите и на мелничарите заради надминување на проблемот со нелојалната конкуренција.
Изминативе месеци во Македонија се увезени 153.000 тони пченица и 70.000 тони брашно што значително го наруши домашниот пазар.

Комисијата расправаше по Информацијата за состојбата со откупот на пченицата од реколтата 2012/2013, поднесена од претседателката Ленче Николовска.
Николовска ја изнесе сопствената проценка дека македонската Влада ќе ја укине уредбата за условен увоз на 15 август. Таа обвини дека оваа мерка е контрапродуктивна и сериозно го загрозува пласманот на македонските земјоделски прпроизводи.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

3 comments

  1. 395302 62607Rattling clean web web site , appreciate it for this post. 218927

  2. 674849 996264Outstanding post, I conceive individuals should larn a great deal from this internet web site its truly user genial . 255370

  3. 22254 582629Some genuinely excellent blog posts on this internet internet site , regards for contribution. 173847

Leave a Reply

Your email address will not be published.