Почетна / Вести Македонија / Србија го испи македонското вино

Србија го испи македонското вино

Македонија е лидер во регионот по извоз на вино. Притоа, од вкупниот извоз на вино, кој бил во вредност од околу 45 милиони евра, само во Србија, за девет месеци лани, извезено е во вредност од 12 милиони евра.

Ако на ова се додадат и последните три месеци од минатата година, не е тешко да се пресмета дека една третина од домашното производство завршило кај нашиот северен сосед. Експертите ги поздравуваат ваквите резултати, но велат дека податокот дека 80 проценти од произведеното вино се извезуваат како налевно треба да се смени што поскоро за да се зголемат и финансиските резултати. „Дневник“ неодамна пишуваше дека само 20 отсто од виното се извезуваат како финален производ во шишиња. Од речиси 60 мегалитри што ја поминале границата, 48 мегалитри се во цистерни, а само 12 мегалитри е вино во шишиња.

Српските медиуми деновиве се полни со информации дека нивниот пазар е преполн со македонско вино. Тамошните медиуми тврдат дека македонските вина се доминантни по маркетите.

– Ако ги прочитате декларациите во продавниците, може да видите идентични шишиња од одредени српски произведувачи кои полнат и српско и македонско вино со иста амбалажа, а разликата во цената е минимална. Македонија има многу вино. Просечно, тоа е добро вино, често квалитетно. Со мала доработка станува одлично. Многу е евтино, 30 до 40 евроценти по литар, што теоретски им овозможува на српските винарници што немаат доволно грозје, да наполнат цистерни со одлично вино по многу прифатлива цена – пишуваат српските медиуми.

Енолозите објаснуваат дека налевното македонско вино не е бренд во светот. Според Марија Велковска, енолог кој повеќе од дваесет години подготвува налевно вино за германскиот пазар, некои од винарите не можат да постигнат стандарден квалитет при производство на вино во шишиња.

– Европа бара стандарди. За голем пазар како Русија, на пример, македонските визби се многу мали. Не е тешко да се освои тој пазар, но таму може да се побара континуирано снабдување со огромни количини вино, а нашите винарници не можат да ја следат таа побарувачка – категорична е Велковска. Експертите по винарство велат дека лошиот пласман на виното во шишиња се должи на фактот што нема купувачи. Според нив, потребен е имиџ, ни треба брендирање, но најбитна е цената што ќе се постигне на пазарот.

– Фактот што имаме продадено големи количини вино во Србија е за поздравување и бројката секоја година треба да се зголемува. Европските пазари се преблокирани со понуди од секаде во светот со вино кое е голема конкуренција на нашето, како по цена така и по квалитет. Секоја година се зголемува нашата квота за извоз на вино во шишиња за сметка на налевно вино, но нашите винарници не можат да ја исполнат квотата што ја нуди ЕУ поради тоа што нема каде да го продадат виното – вели Звонимир Божиновиќ, професор по винарство на Факултетот за земјоделство и храна. Тој објаснува дека решение треба да се бара во нови пазари каде што досега не се продавало нашето вино, но и да не се изгубат досегашните, каде што имаме многу добри резултати.

Според европската статистика, 70 отсто од виното се продаваат по големите маркети, 10 отсто по рестораните, а 20 отсто од произведеното вино се продаваат во самите винарници. Експертите велат дека нашите винарници треба да се сконцентрираат на локално ниво и да прават промоција на своите производи по рестораните бидејќи за пласман на странските пазари по маркетите им треба минимално производство од 100.000 шишиња годишно. Според статистиката, најмногу се извезува во земјите од Европската унија, околу 50 отсто од количините, во Србија 25 отсто и 17 отсто на хрватскиот пазар.

Валентина Ангеловска

Извор: http://dnevnik.mk/?ItemID=F785E0F131740246BF41844506FC2EDC

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

6 comments

  1. 25534 397877I feel this internet website has got extremely fantastic indited written content material articles . 264925

  2. 102915 843139Thrilled you desire sensible business online guidelines keep wearing starting tools suitable for the particular web-based business. cash 943885

  3. 127696 993343Lovely sharp post. Never considered that it was that effortless. Praises to you! 719182

  4. 292679 434726Hey really good blog!! Man .. Beautiful .. Amazing .. I will bookmark your website and take the feeds alsoIm satisfied to seek out numerous valuable information here within the post, we require develop much more techniques on this regard, thanks for sharing. 665792

  5. 531055 564196Cause thats required valuable affiliate business rules to get you started on participating in circumstances appropriate for your incredible web-based business concern. Inernet marketing 514042

  6. 311966 240794I real glad to locate this web website on bing, just what I was searching for : D likewise saved to bookmarks . 667560

Leave a Reply

Your email address will not be published.