Почетна / Вести Македонија / Со современа технологија, а по рецептите на баба, до загарантиран успех!

Со современа технологија, а по рецептите на баба, до загарантиран успех!

Здравје Радово наскоро на пазарот ќе понуди шест нови производи – намази, путери и за прв пат – производот чоколаден намаз. Асортиманот од над 40 производи се пласира на просторите на поранешна Југославија и во повеќе земји во регионот. 25 отсто од производството на Здравје Радово оди за извоз на странските пазари.

Здравје Радово како најголем македонски извезувач на млечни производи е во финална фаза наскоро на пазарот да понуди шест нови производи – намази, путери и за прв пат – производот чоколаден намаз. Млекарницата Здравје Радово, која има вкупно четири фабрики, две во Струмица, една во Куманово и една во Скопје и голем дистрибутивен центар во главниот град, како и во Куманово, Струмица и Битола, продолжува со освојувањето на пазарите и зголемување на обемот на производството. Само за првиот квартал од годинава остварен е раст на производството за 30 отсто, што според првиот човек на млекарницата Јован Дабевски, се должи на довербата кај потрошувачите и кооперантите. Асортиманот од над 40 производи се пласира на просторите на поранешна Југославија и во повеќе земји во регионот. 25 отсто од производството на Здравје Радово оди за извоз на странските пазари.

“Работиме со најголемите фарми во Македонија и само во Кумановско и Скопско имаме и над 2000 кооперанти. Млекото и млечните производи што ги пласираме се со исклучително висок квалитет, поради што и пласманот се зголемува, вели Мирослав Бундовски. Дневно се откупуваат 125.000 литри млеко, а само за кашкавал дневно се преработуваат 25 до 30 тони млеко. Дневно производство на кашкавал изнесува 2500 до 3000 килограми, додава Бундовски.
Генералниот директор на Здравје Радово, Дабевски вели дека аферата со афлатоксинот ја заобиколи Македонија и дека не само нивната туку ниту една друга млекарница во Македонија во случајов не претрпе загуби.

Здравје Радово има околу 370 вработени. Успехот велат е загарантиран кога се работи со современа технологија, а по традиционалните рецепти на нашите баби.

Извор:vecer.com.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

3 comments

  1. 203792 127598As I web site possessor I believe the content material matter here is rattling great , appreciate it for your efforts. You should keep it up forever! Great Luck. 273678

  2. 374056 649827Having been simply seeking at helpful weblog articles with regard to the project research when My partner and i happened to stumble on yours. Thanks for this practical info! 340258

  3. 732315 252250But, what concerning the bottom line? Are you sure in regards to the source? 881770

Leave a Reply

Your email address will not be published.