Почетна / Вести Македонија / Со новото возило земјоделците во Кочани ќе бидат поинформирани

Со новото возило земјоделците во Кочани ќе бидат поинформирани

Возниот парк во локалната самоуправа Кочани е збогатен со уште едно возило. Станува збор за комби што ќе го користи Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Раководителот на Подрачната единица, Влатко Минов изјави дека возилото ќе се користи за подобра информираност на земјоделците, а барањето за негова набавка стигнало од земјоделците кои барале навремено да добиваат информации во врска со програмите за развој на земјоделството.

Возилото што го доби Подрачната единица од Кочани ќе ги покрива и Делчево, Берово, Пробиштип и Штип. Секое населено место, како што истакна Минов, однапред ќе биде информирано за денот на пристигнување на возилото кое ќе се смета како еден вид инфо – центар. Се очекува возилото да стартува со работа од понеделник.

Владата има набавено осум вакви возила, од кои по едно за секој регион во државата.

Извор: http://www.kurir.mk/republika/opstini/94824-So-novoto-vozilo-zemjodelcite-vo-Kocani-ke-bidat-poinformirani

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …