Почетна / Вести Македонија / Со нови фитоанализи до побезбедна храна

Со нови фитоанализи до побезбедна храна

Државната фитосанитарна лабораторија доби акредитација за дијагностицирање два вида вируси.

За прв пат во Македонија, а и во земјите од Југоисточна Европа, акредитирани се методи за анализа на активни материи во производите за заштита на растенија, како и методи за дијагноза на вируси во растенија. Како што беше речено на вчерашната промоција на акредитацијата, методите се нова алатка на фитосанитарната лабораторија што ќе овозможат подобра заштита на населението и ќе ја зголемат безбедноста на храната.
Според министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, акредитацијата на Државната фитосанитарна лабораторија ќе значи поголема контрола на квалитетот на производите за заштита на растенија при увоз, во земјоделските аптеки и на самото место на апликација.
– Користењето на квалитетни производи за заштита на растенија овозможува поголем економски профит за земјоделците и зголемена безбедност на храната за крајните потрошувачи – истакна Димовски и посочи дека овие две акредитирани методи се значајни при контрола на оранжериското производство на домати и други раноградинарски култури, тутун, како и здравствена контрола при увозот на семенскиот компир.
– Со акредитацијата ќе нема одлевање на финансиски средства за вршење вакви испитувања во други држави. Ќе им помогнеме најмногу на фармерите, но и на државата преку навремено дијагностицирање штетници и добивање за сертифициран саден и семенски материјал – истакна директорката на лабораторијата, Билјана Коруновска. Целокупниот бенефит, напомена таа, е добивање здрава храна, одржување на здравјето на населението и на животните, како и на здравата животна средина. (Ал.С.)

Извор: vecer.com.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

3 comments

  1. 617325 900079Thank you, Ive just been looking for details about this topic for a even though and yours could be the greatest Ive discovered till now. But, what in regards towards the conclusion? Are you sure concerning the supply? 765949

  2. 575235 133300Hiya! Fantastic weblog! I happen to be a daily visitor to your website (somewhat much more like addict ) of this website. Just wanted to say I appreciate your blogs and am searching forward for much more! 337343

  3. 179450 41715This internet website is my inspiration , really excellent layout and perfect topic matter. 385373

Leave a Reply

Your email address will not be published.