Почетна / Вести Македонија / Словенија ги поддржува земјоделските реформи во Македонија

Словенија ги поддржува земјоделските реформи во Македонија

Поголема соработката на Македонија и Словенија во областа на земјоделството која се реализира согласно Договорите меѓу двете земји во областа на заштита на растенијата и на полето на ветеринарната медицина, како и поддршка на Словенија на структурните и правни реформи во процесот на европската интеграција на Македонија.

Ова се главните теми на кои разговараа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со амбасадорот на Словенија Бранко Раковец.

На средбата, министерот Димовски го информирал амбасадорот Раковец дека словенечката Влада издвојува одреден буџет за исполнување на стратешките приоритети на Владата на Македонија односно реализирање на европската ориентација на земјата.

Главно техничката поддршка од Република Словенија во областа на земјоделството се реализира согласно Програмата за техничка соработка која се ажурира и надополнува секоја година. Техничката помош преку оваа програма се реализира преку различни форми на поддршка експертска помош, студиски посети, обуки, работилници и тоа во областа на руралниот развој, сточарството односно млеко производството, подготвување на оперативната структура за спроведување на ИПАРД, различни сегменти од земјоделскиот – информативен систем, како и уредување на заеднички пазари за одделени земјоделски производи.

Оваа година во рамките на Програмата за техничка соработка во областа на земјоделството техничката помош ќе се реализира областа на фитосанитарната политика анализа на земјоделската политика, трговската политика, шумската и ловната инспекција, зоотехниката, како и во областа на семето и садниот материјал.

Министерот Димовски, додаде дека покрај Програмата за техничка соработка, интензивна техничката соработка со словенечките колеги и во словенечките институции е реализирана и преку TAIEX инструментот и тоа, во областа на фитосанитарната инспекција, семе и садниот материја, органското земјоделско производство, медиумска кампања за руралниот развој итн. Исто така, истакна тој, преку АгБиз програмата обезбедена е експертска помош во процесот на подготвување на значајни стратешки документи за Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а спроведени се обуки за зајакнување на вештини на преговарачките тимовите за поглавје 11 за земјоделството и руралниот развој. Дополнително, кажа Димовски, словенечки експерти учествуваат и обезбедуваат поддршка во рамките на ИПА проектите од 1 компонента (техничка соработка и институционална надградба) како што беше во рамките на проектот за Агро-еколошката програма, уредување на заедничките пазари итн.

Исто така, министерот Димовски кажа дека во тек е втората фаза од проектот поддржан од ИПА 1 компонента „Понатамошна надградба на системот за идентификација на земјишните парцели со Интегриран административен и контролен систем” кој го спроведува Геодетскиот завод од Цеље на Словенија, кој исто така ја реализираше и првата фаза од овој проект.

Амбасадорот Раковец му се заблагодари на минисерот за искажаните зборови за билатералната соработка и истакна дека оваа успешна соработка помеѓу двете земји треба да продолжи и понатаму. На крај министерот Димовски изрази благодарност до амбасадорот Раковец за подршката која ни ја дава Словенија посебно во областа на земјоделството и стакна дека оваа успешна соработка може само да се продлабочува.

Извор: kurir.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

9 comments

  1. 365126 437683Thanks for all your efforts that you have put in this. extremely fascinating info. 128949

  2. 438146 613328I took a break to view your write-up. I discovered it really relaxing 125748

  3. 863051 897254The whole look of your site is excellent, let neatly as the content! 262433

  4. 504429 500983Hi there! Good stuff, please do tell me when you finally post something like this! 11307

  5. 340162 426095 Spot on with this write-up, I truly believe this web site needs a lot much more consideration. Ill probably be once again to read a lot much more, thanks for that information. 976888

  6. 634874 758976quite nice post, i certainly actually like this remarkable web site, maintain on it 681289

  7. 937380 748291Previously you need to have highly effective internet business strategies get you started of obtaining into topics suitable for their web-based organization. educational 891321

  8. 55707 145867Wohh just what I was seeking for, thanks for putting up. 647886

  9. 44972 234212However, what concerning the conclusion? Are you sure about the source? 89247

Leave a Reply

Your email address will not be published.