Почетна / Здрава храна / Сливата и нејзината улога во човековото здравје

Сливата и нејзината улога во човековото здравје

Сливата кај нас ја има во изобилие. Различни видови, со различни бои, големини, вкусови. Која и да ја одберете нема да згрешите бидејќи сливата се наоѓа на листата на најздрави и најбогати со антоксиданси овошја кои можат да се најдат на нашиве простори.

Сливата се одгледува веќе 2 000 години и уште во стар Рим биле познати повеќе од 300 сорти. Сливата најпрво била забележана и употребана на територијата околу Каспиското езеро.

Од сливите може да се приготви скоро се. Може да се направи мармалад, слатки, да се јадат зашеќерени, во торти и колачи и уште стотина начини. Сепак, сливата е најдобро да ја јадете свежа. Се наоѓаме во период на зреење на сливата. Не испуштајте да уживате во нејзиниот вкус.

Во 100 грама слива просечно има 87 % вода и 11 % јаглени хидрати, а останатото се растителни влакна. Од витамини тие најчесто имаат Ц, Е, бета каротен и фолна киселина. Корисна е за превенција од многу заболувања, срцеви проблеми, маснотии во крв, а се смета дека има и антиканцерогени ефекти. Од минералите најмногу поседува калиум, калциум и магнезиум.

Сорбитролот (шеќерен алкохол) е важна состојка која ја содржат сливите. Се изолира и користи кај дијабетичари кои мораат да го контролираат внесот на шеќер.

Тие се одлична замена за појадок бидејќи се полни со енергија и корисни нутритиенти. Еве еден рецепт според кој многу познавачи е одличен за појадок на база на слива:

Земете едно шишенце јогурт, неколку сливи, излупете, исечкајте ситно и ставете ги во него, по желба додадете и лажичка мед.

Ова е супер енергетска бомба за целиот ден.

На сливите брзо им поминува сезоната и неможат да стојат долго скинати од дрвото, па затоа како опција можете и да ги замрзнете. Најдобро е да ги замрзнете откако ќе ги пресечете на половина и ќе им ги извадите семките.

Check Also

Дуња – кралица на есенските овошја

Дуњата е овошје кое не случајно ја нарековме кралица на есенските овошја. Дуњите започнуваат да …