Почетна / Вести Македонија / Скопје фрла 2.000 тони храна годишно

Скопје фрла 2.000 тони храна годишно

Kупивте три кисели млека за деновиве, но заборавивте дека оваа недела ќе одите на вечера со пријателите и на еден роденден, па едно канче ви остана неизедено и мора да го фрлите? Kупувате без размислување ако видите дека нешто е на акција или гратис, но потоа не го трошите, па и тоа го фрлате? Не сте единствени.

Една третина од произведената храна во светот се фрла и тоа во услови кога на планетава има речиси милијарда гладни луѓе. Обединетите нации решија да ја сменат оваа катастрофална состојба, па денешниот Светски ден на животната средина, 5 јуни, глобално ќе се одбележува под мотото „Мисли, јади, заштитувај“. Со кампањата ќе се учат луѓето внимателно да ги планираат неделните оброци, да размислат колкава количина храна им е потребна и да не купуваат повеќе од тоа, да направат список за пазарување за да не се фаќаат за производите импулсивно и да внимаваат на акциите во продавниците, кои ги залажуваат да трошат повеќе.

Во Македонија, според неофицијални податоци, се фрлаат 5.000 тони храна годишно, од кои 2.000 тони се фрлаат во Скопје, каде што секојдневно околу 2.000 граѓани јадат по само еден топол оброк дневно во народните кујни. Kампањата за заштита на животната средина е поврзана со храната, пред с`, затоа што прехранбената индустрија е голем загадувач на околината и потрошувач на ресурси од планетава.

– Имајќи го предвид големиот дебаланс во начинот на живеење и неговите разурнувачки ефекти врз животната средина, ние како држава се приклучуваме кон активностите што под мотото „Мисли, јади, заштитувај“ се спроведуваат низ целиот свет. Целта на глобалната иницијатива е да се влијае врз свеста на секој поединец дека изборот на храната влијае врз околината. Kога таа се фрла, исто така се фрлаат и ресурсите што се искористени за нејзиното производство, а отпадот од храна при согорување на депониите емитува стакленички гасови со кои дополнително ја оптоваруваме околината – велат во Министерството за животна средина.

Оттаму сметаат дека треба да се преземат практични акции во домовите, на фармите, во супермаркетите, кантините, хотелите, секаде каде што храната се приготвува или се консумира и да се отвори дијалог за пронаоѓање нова употребна вредност на вишокот.

– Алтернатива секогаш постои. Наместо да се фрла, може да се обезбеди исхрана на социјално загрозени луѓе преку народни кујни, да се обезбеди исхрана на животни во Зоолошка градина или во градскиот стационар за бездомни животни. Во крајна линија, може да се произведува компост од остатоци од органско потекло, со што старата храна добива нова употребна вредност – велат надлежните.

Од Министерството додаваат дека освен количината на храна што ја купуваат, граѓаните треба да размислат и за потеклото. Со користење локални продукти се помага домашната економија, а храната што е донесена од далеку претходно ја загадила околината со транспортот.

– Денес неизедената храна речиси секогаш може да се употреби при приготвување на утрешниот оброк – потенцираат во Министерството за животната средина. (С.Х.)

На 4 секунди едно дете умира од глад

Според Програмата за околина на Обединетите нации (УНЕП) околу 20.000 деца секој ден умираат од глад, а годишно во светот се фрлаат околу 1,3 милијарда тони храна.

Тоа значи дека на секои 4,3 секунди по едно дете умира во агонија, а секоја секунда се фрлаат по 41 килограм храна!

Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

9 comments

  1. 682896 396380Most suitable boyfriend speeches, or else toasts. are almost always transported eventually by way of the entire wedding party and are still required to be extremely intriguing, amusing and even enlightening together. finest mans speech 188331

  2. 764804 673507hey there i stumbled upon your site searching about the web. I wanted to let you know I enjoy the look of things about here. Maintain it up will bookmark for confident. 20089

  3. 563975 953343This really is something I in fact need to try and do a lot of analysis into, thanks for the post 567484

  4. 989323 558645Your home is valueble for me. Thanks!? This web page is really a walk-via for all of the data you required about this and didn know who to ask. Glimpse appropriate here, and you l certainly uncover it. 889154

  5. 233659 70416Some actually marvelous function on behalf of the owner of this internet site , dead great subject matter. 751898

  6. 1112 956620Some truly amazing content material on this web internet site , thankyou for contribution. 880669

  7. 516865 16882building websites is not only enjoyable, but it can also produce an income for yourself;; 5074

  8. 577802 761119All you want to know about News details to you. 571747

  9. 724699 454926Sweet site, super pattern , real clean and utilize genial . 728272

Leave a Reply

Your email address will not be published.