Почетна / Вести Македонија / Скапата храна го јаде сточарството

Скапата храна го јаде сточарството

Нецелосното познавање на начинот на одгледување, ниската цена на млекото, месото и на јајцата се само дел од вечните проблеми што ја следат оваа земјоделска гранка.

Полупразни штали, намален бројот на овци и на кози во трлата, недоволно производство на јајца. Ова е сточарската слика на Македонија според последната публикација на Државниот завод за статистика. Официјалните бројки говорат дека последниве шест години бројот на добитокот опаѓа. Намалување има кај овците, свињите и кај живината, а минимално зголемување има на бројот на говедата. Скапата храна, несоодветна политика за субвенционирање, нецелосното познавање на начинот на одгледување, ниската цена на млекото, месото и на јајцата се само дел од вечните проблеми што ја следат оваа гранка.

Статистиката вели дека ако во 2007 година во Македонија имало 817.536 овци, во 2011 година бројот е 766.631. Според Агенцијата за храна, во 2012 година бројот се зголемил на 785.960. Главни причини за намалувањето, според сточарите, се неможноста да се пласира овчото млеко по млекарниците, ниската цена на јагнешкото и слабиот пласман на овчото месо.

Според професорите од Факултетот за земјоделство и храна, во осумдесеттите години од минатиот век Македонија поседувала над 30 отсто од вкупниот број овци во СФРЈ, иако во тој период никој не давал субвенции.

– Субвенционирањето на с` и сешто нема логика бидејќи основните производи од овците се млекото и месото, а делумно и волната. Разгледајте ги програмите за финансиска поддршка на земјоделството во делот на овчарството во последните години и ќе видите во колкава мера се посветува внимание на волната, на пример, која им е голем проблем на луѓето што ги одгледуваат овците бидејќи нема кој да ја купи или се откупува по 15 денари за килограм – велат професорите.

Според нив, голема болка на оваа гранка е и што никој не сака да биде овчар.

– Државата субвенционира половина од сумите за плати на овчари и за млади менаџери на новоформирани земјоделски стопанства. Надомест на нето-плата на вработени лица за чување добиток ќе добијат сите работодавци за овчарите што ги имаат ангажирано за чување на стадата. Предвидено е 1 вработен за чување 150 овци или 1 вработен за чување 100 кози. Максимумот е 18.000 денари – велат во Министерството за земјоделство.

Свињарството е во уште покатастрофална состојба. Статистиката вели дека од 255.000 свињи, колку што ги имало во 2007 година, останати се само 196.000. Во Агенцијата за храна располагаат со податок дека сега имаме 240.000 грла, но велат дека точен број ќе обезбедат откако ќе се спроведе пописот.

Според сточарите, оваа гранка бара најмногу труд, а е најмалку исплатлива.

– Високата цена на храната, која за неколку години е тројно зголемена, ја зголемува финалната цена на месото, кое е неконкурентно на пазарот. На трговците полесно им е да увезат свежо свинско месо од Србија отколку да купат домашно. За преработка, пак, се увезува од Шпанија, каде што цената е многу пониска – велат во Сојузот на земјоделците на Македонија.

Драстично е опаднат и бројот кај живината. Од 2.263.894 милиони единки во 2007 година, сега, според Статистика, има 1.944.000. И овде проблем е високата цена на храната.

Во Агенцијата велат дека изминативе години стабилни се одгледувањето на несилки и производството на јајца.

– Бројот на несилки во фармите што имаат најмалку 350 единки, но и неколку помали производители што се евидентирани во регистарот на одгледувалишта, односно кои од Агенцијата за храна и ветеринарство имаат добиено регистарски број на одгледувалиште, според последната состојба, изнесува над еден милион. Производството на јајца се движи над 200 милиони јајца годишно – велат во Агенцијата.

Kозарството е една од гранките во сточарството што се развива во последните дваесет години во земјава. Долгогодишната традиција на одгледување кози беше прекината во 1947 година (Законот за забрана за одгледување кози) при што биле уништени околу 500.000 кози. Kозата повторно го доби атрибутот домашно животно во 1989 година. Во поново време има зголемен интерес за одгледување кози. Според официјалните публикувани податоци, имаме над 120.000 грла.

Валентина Ангеловска

Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

7 comments

  1. 123 337612Some times its a pain in the ass to read what blog owners wrote but this internet site is genuinely user genial ! . 307016

  2. 653662 242861I conceive this internet site has got some real great details for everybody : D. 993486

  3. 94255 951696I as properly believe thence , perfectly pent post! . 699669

  4. 872994 12492Many thanks for sharing this fine piece. Very intriguing tips! (as always, btw) 129090

  5. 291280 398242Bookmarked. Kindly also discuss with my site. 764781

  6. 885734 482040Hi there! Great post! Please do tell us when I could see a follow up! 969450

  7. 10086 448105Following study several with the blog articles for your internet website now, and i also genuinely such as your strategy for blogging. I bookmarked it to my bookmark internet website list and are checking back soon. Pls take a look at my internet page in addition and tell me what you believe. 330292

Leave a Reply

Your email address will not be published.