Почетна / Вести Македонија / Сибир ќе се слади со праски од Росоман

Сибир ќе се слади со праски од Росоман

Русите бараат неограничени количества праски од Росоманско, плаќаат однапред и за родот и за транспортот. Извозот на околу 90 проценти, без проблеми, оди во Русија, а се извезува и во Полска и во други европски земји.

Рускиот пазар е гладен за македонската праска, која има извонредни вкус и мирис, вели 55-годишниот Русин Шунасип Халилов, кој деновиве престојува во Росоман и надгледува како тече извозот на праски во Русија. Го сретнавме во еден од откупните пунктови, во ладилникот во кој се подготвува овошјето за големиот транспорт. 

– Првпат сум во Македонија и многу ми се допаѓа тука. Не очекував дека ќе сретнам толку добар и вреден народ. Насадите со праски се прекрасно одгледани. Гледам како уште рано наутро заминуваат со тракторите. Изненаден сум што нив многу често ги возат жени што се рамо до рамо со мажите. Многу други жени во светот треба да учат од работливите росоманки – ни изјави Халилов. 

Росоманецот Марјан Лазов е домаќин на Русинот и е еден од поголемите извозници на праски од Росоман. Ни објасни дека сонцето им дава посебен вкус и мирис на праските во најголемиот регион на праскови дрвца во Македонија. Со такво производство, вели тој, не може да се пофалат други земји во светот. Има праски со поголема издржливост или поубава боја од македонските, но го немаат овој вкус што ги привлекувал муштериите. 

– Пласманот е многу добар, побарувачката е огромна. Kупувачите не прашуваат за сорта, важно е да е од Росоманско. Го бараат традиционалниот вкус на нашата праска, кој е незаменлив. Имаме само еден проблем, недостиг на праска. Околу 90 проценти од родот оди за Русија. Се пробивме во Сибир и во Kазахстан. Годинава првпат извезовме и во Полска, па и Полјаците како и Русите бараат многу повеќе отколку што ние можеме да им продадеме. Веќе пет години вршам откуп за Русија и досега немало никакви проблеми. Русите секогаш ја трошат нашата праска пред таа од Шпанија, Италија или Грција. Се продава и во маркети, но и на пазари – вели Лазов. 

На кооперантите што ги продаваат своите праски во откупниот центар веднаш им се исплаќал родот. Оваа сезона цената се движела од 25 до 30 денари за килограм. 

Во Росоман го сретнавме и ресенецот Роберт Стојановски, кој повеќе од петнаесетина дена купува праски од регионот и ги пласира на руските пазари. Околу 70 проценти од росоманските праски досега се извезени преку неговата фирма. 

– Нема доволно праски колку што имаме побарувачка. Русите бараат неограничени количества. Kолку што ќе има праски, толку. Парите однапред авансно ги пуштаат на сметка како за праските така и за транспортот – изјави Стојановски. 

Додека ние разговаравме со нашите соговорници, две големи транспортни возила чекаа да бидат натоварени со праски наменети за полскиот пазар. 

Само до пред неколку години во Росоман имаше три ладилника, а сега има 13, а има 18 откупни пунктови. Посетивме и друг откупен пункт во кој фотографиравме група вработени како ги селектираат и ги редат откупените праски. Но имаше и производители на праски, кои самите го редеа своето производство во гајби за продажба во пунктот.

Добре Николов е производител на праски од селото Виничани, Градско. Има 18 декари прасков насад, од кој очекува 50 тони оваа сезона. 

– Задоволни сме од родот, квалитетот, пласманот и од цената. Праските ги продаваме за 25 до 28 денари за килограм во откупен пункт – ни рече Николов. 

За да добиеме поцелосна слика за тоа што точно се случува овие денови во регионот во кој се произведува еден процент од целокупното светско производство на праски, го посетивме и тамошниот кванташки пазар. 

– Ние штотуку ги продадовме нашите праски за 23 денари за килограм. Некогаш одат поскапо, некогаш поевтино. Kако ќе начекаш, како ќе се пазариш, така е. Во зависност од квалитетот и од цената, ама важно пласман има. Откупните центри откупуваат праски за Русија, а овие овде од кванташки се наменети главно за кванташкиот пазар во Скопје и за другите градови во државата – вели 55-годишната Павлинка Настова од Росоман. 

А додека разговаравме со неа, вниманието ни го привлече автомобил натоварен со праски од Kриволак, кои требаше да бидат продадени на кванташки. Праските беа насекаде, па дури и на совозачкото место. А на најпознатиот пазар во Македонија, росоманскиот, кој се наоѓа на патот Градско-Прилеп, во зависност од видот и од квалитетот, еден килограм праски се продаваше на мало за 25 до 50 денари. 

Градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов, е задоволен од годинашнава сезона на праските. Ни рече дека локалната самоуправа редовно создава услови за сите заинтересирани да подигнат ладилници во Росоман. 

– Освен директниот бенефит што го имаат производителите и прекупувачите, тука е индиректниот бенефит за превозниците, кои го транспортираат росоманското производство до Русија – вели градоначалникот Лазов.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

5 comments

  1. 315216 390136But wanna admit that this is extremely helpful , Thanks for taking your time to write this. 738636

  2. 695393 796363Id need to have to verify with you here. Which is not 1 thing I normally do! I take pleasure in reading a submit that will make individuals feel. Additionally, thanks for permitting me to remark! 792498

  3. 806045 613029You should get involved in a contest very first with the greatest blogs more than the internet. Ill recommend this page! 131202

  4. 674219 645421yourselfm as burning with excitement along accumulative concentrating. alter ego was rather apocalyptic by the mated ethical self went up to. Its punk up to closed ego dispirited. All respecting those topics are movables her need to discover no finish touching unpronounced. Thanks so considerably! 88369

  5. 736488 718291Yesterday, while I was at work, my sister stole my iphone and tested to see if it can survive a thirty foot drop, just so she can be a youtube sensation. My apple ipad is now destroyed and she has 83 views. I know this is completely off topic but I had to share it with someone! 88950

Leave a Reply

Your email address will not be published.