Почетна / Вести Македонија / Се затвора винарската визба “Повардарие” од Неготино?

Се затвора винарската визба “Повардарие” од Неготино?

Српските газди на винарската визба “Повардарие” од Неготино сериозно размислувале да стават клуч на винаријата незадоволни од непочитувањето на судски одлуки во државава, дознава “Дневник”. 

Најавеното доаѓање на извршители во винарницата во понеделник со цел присилна наплата на даночни обврски во услови кога имале решение на управен суд со кое се одлагало ова извршување до завршувањето на спорот помеѓу “Повардарие” и државата, ја прелеало чашата. Од втората по големина винарија во Македонија нагласуваат  дека ова што се прави со капацитетот кој неколку години наназад ја ублажува лозарската криза  е ова лош сигнал кон странските инвеститори. 

– Сега не знаеме каде да бараме заштита. Одлуката за повлекување од Македонија доколку не се надминат овие проблеми не е лично моја ами на Управниот одбор на компанијата-потврдува директорот Ванчо Кузманов. 
Пред повеќе од еден месец Царинската управа на Македонија и ја одзеде акцизната дозвола на винаријата и и ги затвори акцизните складови поради неплатени даночни обврски во износ од 40 милиони денари. 

Од “Повардарие” велат дека по однос на овој спор одлучувал Управниот суд на Република Македонија на 31 јули оваа година. 
-Судот донесе  правосилно решение со кое се одлага извршувањето на решението за присилна наплата донесено од царинската  управа и ова решение важи до завршување на управниот спор-објаснува  Кузманов.

Тој кажува дека претходно по барање на Царинската управа, а во согласност со Законот за данокот, винарската визба воспоставила и хипотека од прв ред во корист на Царината се до конечното решавање на спорот согласно со Законот. 
Кузманов е дециден дека евентуалното извршување ќе влијае врз тековното работење на компанијата и ќе предизвика тешки последици.

– Ќе бидеме попречени во вршењето на редовната дејност со која секојдневно се занимаваме и целосно ќе се попречи нашиот деловен потфат-истакнува Кузманов. 
Тој уверува дека сепак ваквите состојби во “Повардарие” нема да влијаат на исплатата на грозјето која е во тек. 
(С.Д.)


Извор: http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=AE7956E4B12FC7469075D443214F367B

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

4 comments

  1. 648722 371938Some truly great articles on this website , appreciate it for contribution. 756977

  2. 88364 76206This is something I actually have to try and do a lot of analysis into, thanks for the post 406525

  3. 753663 382483I like this internet web site its a master peace ! Glad I detected this on google . 370266

  4. 58735 516671Ive been absent for a although, but now I remember why I used to love this website. Thank you, I will try and check back a lot more often. How frequently you update your site? 9677

Leave a Reply

Your email address will not be published.