Почетна / Вести Македонија / Само една млекарница инвестира во производство на млеко, а другите чекаат на готовo

Само една млекарница инвестира во производство на млеко, а другите чекаат на готовo

Најдобар начин да се подигне квалитетот и количината на сурово млеко на пазарот е преку зголемување на инвестициите на млекарниците кои ќе им помогнат на фармерите со доделување висококвалитетни јуници.

Пазарот во изминатите неколку години континуирано се соочува со недостаток на сурово млеко. Млекарниците се принудени да работат со половина од капацитетите, а недостатокот да го набавуваат од странство. Иако на пазарот во последните неколку години влегоа неколку странски млекарници, сепак квалитетот и количината на млекото континуирано се намалува. Фармерите немаат доволно финансиски средства сами да набават крави и да инвестираат во зголемување на квалитетот и количината на млеко, а голем проблем им е сточната храна која станува се поскапа. Според експертите единствен и најдобар начин да се подигне квалитетот и количината на млеко на пазарот е зголемување на инвестициите на млекарниците кои ќе им помогнат на фармерите со доделување висококвалитетни јуници.

Со оглед на тоа што од оваа година преку Програмата за рурален развој државата покрива 50% од трошоците за набавка на висококвалитетни јуници, а останатиот дел фармерите го исплаќаат преку предаденото млеко во млекарниците со кои имаат кооперантски договор, ова е вистинскиот начин како да се намали дефицитот на сурово млеко на пазарот.

Во Македонија млекарница која во последните неколку години интензивно инвестираше во фармерството и во млекопроизводството е Битолската млекарница, која за две години увезе над 800 висококвалитетни јуници за своите кооперанти.
Според генералниот директор на Битолската млекарница, Златко Најдовски, која минатата недела додели додели 68 грла висококвалитетни јуници, јуниците кои имаат потенцијал од 11 тони млеко годишно се доделени на барање на кооперантите.
– Цената на едно грло изнесува 2.090 евра. Реализацијата на нашата стратешка одлука е во функција на намалување на недостигот од млеко, посебно т.н. екстра класа млеко. Нашиот бренд бара безбедност на производот и врвен квалитет и во таа смисла ќе продолжиме во континуитет да увезуваме висококвалитетни јуници, истакна Најдовски.

Според него целта на увозот на висококвалитетни јуници е обезбедување квалитетна суровина во млекопроизводството што претставува долгорочен процес кој е од интерес не само за компанијата, туку за целата млечна индустрија во земјата.

Според заменик-министерот за земјоделство Зоран Коњановски, во последните неколку години е забележан зголемен увоз на високостелни јуници за потребите на фармерите. Минатата година бил регистриран интерес за увоз на 600 јуници и затоа Министерството за земјоделство врши кофинансирање на трошоците за набавка на високостелни јуници.
– Оваа мерка значи јакнење на генетскиот потенцијал, зголемување на количините на произведено млеко, подобар квалитет на млекото и развој на млекарниците во Македонија. Со овие мерки ќе се намали проблемот со недостиг на свежо млеко кој се јавува во изминатите години, вели Коњановски.

Конкурентноста на млечната индустрија зависи од млекарниците
– Најдобар начин да се зголеми квалитетот и количината на сурово млеко на пазарот е преку зголемени инвестиции на млекарниците преку доделување јуници на кооперантите. Во Македонија последните неколку години има хроничен недостаток на на сурово млеко, но фармерите немаат доволно финансиски средства сами да инвестираат во купување на крави. Млекарниците се соочуваат со недостаток на суровина за производство и работат со половина од своите капацитети, затоа треба да инвестираат во набавка на висококвалитетни јунци, вели универзитетскиот професор Борис Анакиев. Според него, колку ќе биде конкурентна млечната индустрија зависи од тоа како ќе менаџираат млекарниците.

Јетон Зекман, фармер од Битола, вели дека една крава од висококвалитетна сорта, ако фармерот ја набави сам, чини околу 2.500 евра ако се плаќа веднаш, додека ако се плаќа на рати неколку години, тогаш достигнува до 4.000 евра. Според него, со помош на млекарниците и воспоставување на кооперантски однос, со што е загарантиран и откупот на млекото фармерите многу полесно можат да купат крави.
– Во Македонија има недостаток на млеко, а ако ситуацијата продолжи со ова темпо, нема да има доволно млеко на пазарот и во наредните пет години. Треба да итно да се зголеми бројот на грла, но фармерите не можат сами. Не се рентабилни, високи се трошоците за сточна храна, а ниска е откупната цена на млекото. Треба да се зголеми цената на млекото барем до 22 денари за литар за екстра квалитет за да можеме и ние да живнеме, потенцира Јекман.

Сега еден литар сурово млеко се купува за 20 денари, а поради недостатокот млекарниците не обрнуваат толку внимание на квалитетот и откупуваат по количина.

Од неодамна со производство започна и турската млекарница Суташ, која поради недостаток на сурово млеко го одложуваа стартот на производството во Македонија. Иако сега соработуваат со кооперанти од Тетовскиот, Скопскиот, Гостиварскиот и Кумановскиот, Битолскиот и Струмичкиот регион, количината на млеко со којашто располагаат е мала, споредено со капацитетите на млекарницата. Од компанијата неодамна најавија дека инвестираат во фарма со над 1.000 грла и фабрика за добиточна храна.

Пад на производството на сурово млеко за 20% за три години
Според статистиката производството на сурово млеко за три години се намалило речиси за 20%. Лани биле произведени и откупени помалку од 100 милиони литри, за разлика од 2009 година, кога домашните сточари продале 116 милиони литри.

Освен недоволните количини, македонските млекарници ги мачи и слабиот квалитет на суровото млеко, кој многу заостанува зад европскиот просек. Според анализите, само 9% од домашното млеко ги задоволува европските стандарди за квалитет.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

5 comments

  1. 195955 258257I usually cant uncover it in me to care enough to leaves a comment for articles on the web but this was truly pretty great, thanks and keep it up, Ill check back once more 644647

  2. 229808 293331Thanks for helping out, superb information . 599483

  3. 542044 976887It can be difficult to write about this topic. I believe you did an superb job though! Thanks for this! 821211

  4. 897450 230543I wish I had a dime for every bad write-up Ive read lately. I also wish other writers had your talent and style. Thank you. 72940

  5. 179356 524672I recognize there is a great deal of spam on this website. Do you want aid cleaning them up? I may support in between courses! 105765

Leave a Reply

Your email address will not be published.