Почетна / Вести Македонија / Руси заинтересирани за македонските конзервни фабрики

Руси заинтересирани за македонските конзервни фабрики

Како последица на кризата трговската размена меѓу Македонија и Руската Федерација годинава бележи пад од околу 40%, споредно со лани.

Но, како да се зголеми размената меѓу двете земји, особено во делот на конзервната и лесната индустрија, беше главна тема на вчерашната бизнис-средба меѓу македонски компании и оние од Тамбовската област од Руската Федерација, а што се одржа во Скопје во Стопанската комора на Македонија.

Според Дејан Бешлиев, директорот на Македонско-руската стопанска комора, кризата го зема данокот, но сепак се работи на тоа меѓусебната соработка да се унапреди.
– Наша задача е да ги отвориме патиштата за извоз во Руската Федерација, за што сметам дека имаме многу добри шанси, а доказ за тоа е посетата на бизнисмени од Тамбовската област – рече Бешлиев.

На бизнис-форум во комората компании од Тамбовската област пројавија интерес да ги посетат конзервните фабрики во Гевгелија и во Струмица, со иницијатива да се склучат и договори за извоз на конзервирано овошје и зеленчук. Владислав Михајлович Јуриев, претставникот од Тамбовската област, смета дека РМ и оваа руска област по територија и население се многу слични.
– За нас е многу интересно да соработуваме, пред се, во винската, конзервната и дел од лесната индустрија. Би сакале на Македонија да и понудиме шеќер, пченица и сончогледово масло – вели Михајлович Јуриев.

Тамбовската област е федерален регион во Русија, се наоѓа околу 460 километри јужно од главниот град и претставува еден од главните центри за нанотехнолошки иновации. Според пописот од 2002 година, во оваа област живеат 1,2 милиони жители, а административен центар е градот Тамбов.

(В.Ма.)


Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=921ECF14FE73FC48B45B8DEFBC858A98

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

3 comments

  1. 617845 827569Wow, wonderful blog layout! How lengthy have you ever been running a blog for? you make running a blog glance easy. The total appear of your internet internet site is magnificent, properly the content material! 715198

  2. 651351 20175Really clean site , thanks for this post. 159365

  3. 806286 415130My plate is real full and your tryna give me much more food, boy what the fuck is wrong wit you?!|guruisthebomb| 296435

Leave a Reply

Your email address will not be published.