Почетна / Вести Македонија / Рандманот проголта 3 милиони евра

Рандманот проголта 3 милиони евра

Жетвата на оризот деновиве заврши, земјоделците ги наполнија амбарите со оризова арпа, но паричниците годинава ќе им останат полупразни.

Причината е досега незапаметениот низок рандман, односно процент на добиениот бел ориз од арпата, кој главно е околу 50, а годинава, според процените, е само 35 отсто.

Поради тоа, вкупното количество произведен бел ориз од собраните 30-ина илјади тони арпа, од вкупно ожнеаните 4.800 хектари, ќе биде за речиси една третина помал. Наместо очекуваните 15 илјади тони лупен ориз, од годинашнава реколта се очекува производство помало за четири до пет илјади тони, со што оризопроизводите, според сегашните откупни цени на оризот, ќе останат покуси за околу 3 милиони евра.

– Дека нешто не е во ред со рандманот видовме уште на почетокот од жетвата, но се надевавме дека тоа се изолирани случаи на само некои површини. За жал, се покажа дека секаде во Kочанско и во соседните општини е исто. Тоа е констатирано и кај сите откупувачи и преработувачи. Рандманот годинава е од 27 до 42, или просечно 35 отсто, а лани тој процент беше речиси 55 отсто – вели Александар Донев, претседател на Kластерот за ориз. Тој додава и дека откупот на годинашната реколта почнал. Kилограм бел ориз се откупувал по цена од 38 до 40 денари, а производителите добивале потврди за предаденото количество, врз основа на кои треба да ги добијат од годинава воведените дополнителни субвенции за килограм предадена арпа во износ од 1 до 3,5 денари, во зависност од посеаните површини. Земјоделците велат дека таа придобивка рандманот веќе ја проголтал.

– Досега предадов 200 вреќи, а рандманот ми е само од 35 до 40 отсто. Испаѓа дека треба да бидам задоволен зашто е меѓу подобрите. Не знаеме на што се должи ова. Дали на временските услови, на семенскиот материјал или на неквалитетни препарати. Бараме научните институции да објаснат каде е проблемот, за и в година трудот да не ни оди залудно – истакнува Стојанче Анастасов, претседател на Националниот совет за оризопроизводство.

Во кочанскиот оддел за ориз на Земјоделскиот институт на УKИМ потврдуваат дека рандманот годинава бил исклучително низок и оти работеле на утврдување на причините. Ќе побарале информации и каква е состојбата во блиските земји што произведуваат ориз, како Грција, Бугарија и Италија. Д-р Добре Андов истакнува дека анализите ќе траат неколку месеци, а резултатите треба да бидат познати до почетокот на сеидбата на оризот.

(Љ.Ш.)

Извор: http://dnevnik.mk/?ItemID=5BB2321A7289C247B4E414EBB97045BC

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

3 comments

  1. You made some fine points there. I did a search on the subject and found most folks will go along with with your blog.

  2. I’m actually enjoying the theme/design of your internet site. Do you face any browser compatibility problems? Quite a few of the site visitors have lamented about my Arvind Pandit blog not operating effectively in Internet Explorer though appears awesome in Firefox. Have you got any suggestions to help repair the situation?

  3. You’re absolutely right and I agree with you. If you wish, we can also speak regarding lucky patcher app download, one thing which intrigues me. Your website is certainly impressive, best wishes!

Leave a Reply

Your email address will not be published.