Почетна / Полјоделство / Производителите задоволни и од цената и од приносите

Производителите задоволни и од цената и од приносите

Жетвата на оризот во велешко е при крај. Под оваа култура годинава беа посеани 120 хектари, а досега родот е собран од над 80 хектари. За собирање на родот ангажирани се петнаесетина комбајни и друга приклучна механизација.

Производителите од населените места по течението на реките Тополка и Бабуна се повеќе од задоволни како од гарантираната откупна цена така и од приносите и квалитетот на оризовата арпа. Од хектар се собираат од 6 до 8 илјади тони арпа што е повеќе од добра. Велат дека Владата повторно им излегла во пресрет и дека со одредената откупна цена од 20 денари за килограм оризова арпа не само што добро ќе заработат, туку таа цена во многу ќе придонесе оваа земјоделска култура повторно да се врати на полињата во велешко.
-Со гарантираната откупна цена од 20 денари за килограм арпа, плус зголемените субвенции Владата ни помогна многу. Годинава имав 7, а догодина ќе посеам ориз на 15 декари. Добро ќе заработам. Најдов повеќе од пет тони, што е повеќе од добро – вели Ангелко Трајков од селото Лисиче.

По подолг период производителите годинава немаа проблеми со вода за полевање на оризовите полиња. Со изградбата на браната на хидросистемот Лисичее, коритото на реката Тополка и во најжешките денови беше полно со вода. Цената, субвенциите и доволните количества на вода во многу ќе придонесат идната година под ориз во велешко да бидат посеани повеќе од 300 хектари. Пред три децении под ориз во велешко оризот беше застапен и на повеќе од 700 хектари.
-Поранешен работник сум на Порцеланка. Со нејзиното затварање останав на улица и без егзистенција. Се вратив на родното татково огниште. Одгледувам тутун, градинарски култури, а посеав и пет декари под ориз. Со оваа цена добро може да се живее. Греота е ако не кажам дека како оваа ниту една досегашна Влада не направила толку многу за развој на земјоделството – вели Митко Игнов од селото Еловец.

Од 120-те хектари земјоделците од Еловец, Голозинци, Лисиче, Мелница, Стари Град, Долно Врановци планираат да соберат над 600 тони оризова арпа. Поголем дел од неа веќе ја продаваат на купувачи од кочанскио, штипскиот и скопско, а дел планираат да го преработат во бел ориз.

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=7E521F1ADCEA8F42B5521D85FE8C70E2

Check Also

Пелагонија не памети поуспешна сеидба

На 24.000 хектари се засеани житни и фуражни култури, а поволните временски услови овозможија сеидбата …

4 comments

  1. 519905 250699This internet site is my aspiration, quite outstanding style and style and Perfect topic matter. 919482

  2. 424237 351983I come across your webpage from cuil and its high quality. Thnkx for giving this sort of an incredible post.. 673244

  3. 301157 147622Satisfying posting. It would appear that a great deal of the stages are depending upon the originality aspect. Its a funny thing about life if you refuse to accept anything but the very best, you extremely often get it. by W. Somerset Maugham.. 939723

  4. 736205 69537Attractive portion of content. I simply stumbled upon your weblog and in accession capital to assert that I get in fact loved account your weblog posts. Anyway I will likely be subscribing to your augment and even I success you get admission to constantly rapidly. 80279

Leave a Reply

Your email address will not be published.