Почетна / Вести Македонија / Приватни фирми ќе увезуваат ушни маркички

Приватни фирми ќе увезуваат ушни маркички

Четири приватни фирми од септември ќе вршат набавка и дистрибуција на ушни маркички за животни.

 

Досега оваа набавка ја правеше само државната Агенција за храна и ветеринарство. Висината на услугите што ги вршат ветеринарните друштва, како и максималната висина на цената на ушните маркички се дефинирани со одлука на Владата. Врз основа на оваа одлука, максималните цени за ушни маркички за говеда изнесуваат 120 денари за чифт, за овци и кози 30 денари, за свињи 20 денари, 500 денари за микрочип согласно ИСО стандардите и 150 денари за издавање идентификациска плочка за пчеларници. Трошоците за набавка на ушни маркички за говеда, овци и кози, и за кучиња се на товар на одгледувачот на животните, додека за свињите, годинава се на товар на Програмата за здравствена заштита на животните.

– Врз основа на измените на Законот за идентификацијата и регистрација на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство почна со примена на новиот модел за организирање на системот на идентификација и регистрација на домашните животни и милениците. Со него се либерализира работата на ветеринарните друштва и предвидува овластувањена правни лица кои имаат право на набавка и дистрибуција на ушните маркички за идентификација и регистрација на животните. Сите заинтересирани лица за набавка контактите може да ги најдат на нашата веб-страница. Напоменуваме дека постапката на издавање на овластување останува отворена и понатаму, односно сите заинтересирани правни лица може да ја почнат оваа постапка за набавка и дистрибуција на ушни маркички – велат во Агенцијата за храна.

Оттаму велат дека тие имаат обврска да вршат проверка на квалитетот на ушните маркички пред да издадат одобрение за ставање во промет, повремена контрола на нивниот квалитет, како и мониторинг на работа на доставувачот во врска со исполнување на законските рокови за ставање во промет на ушните маркички и контрола на законски дефинираната резерва ушни маркички која мора да ја има овластениот доставувач.

– Новиот пристап во спроведувањето на системот на идентификација и регистрација на животните овозможува поголема флексибилност, ефикасност и зајакната конкуренција помеѓу ветеринарните друштва, но и поголема покриеност на теренот и поквалитетна услуга кон одгледувачите на животни во поглед на спроведување на системот за идентификација и регистрација – објаснуваат во Агенцијата.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

7 comments

  1. 789764 826658I dugg some of you post as I cogitated they were quite beneficial invaluable 37907

  2. 549980 669423Some actually excellent articles on this internet site , thankyou for contribution. 503989

  3. 381609 310052I like this weblog it is a master piece! Glad I discovered this on google. 590412

  4. 84224 577611Wow! Thank you! I always wanted to write on my web site something like that. Can I include a portion of your post to my site? 311138

  5. 762299 303540Oh my goodness! a wonderful write-up dude. Thanks a good deal Nonetheless We are experiencing trouble with ur rss . Do not know why Not able to sign up to it. Perhaps there is anybody finding identical rss dilemma? Anyone who knows kindly respond. Thnkx 798556

  6. 772637 197407i was just browsing along and came upon your website. just wantd to say wonderful job and this post genuinely helped me. 125388

  7. 403012 688357youve got an crucial weblog correct here! would you wish to make some invite posts on my weblog? 734347

Leave a Reply

Your email address will not be published.