Почетна / Вести Македонија / Преку интернет ги требат штетниците кај преспанското јаболко

Преку интернет ги требат штетниците кај преспанското јаболко

Kој би поверувал дека црвот во јаболкото земјоделците може да го победат со препораки преку интернет и мобилни телефони?

Она мало црвче кое сите го знаат од цртаните филмови, годинава се закануваше како никогаш во изминатите 20 години да го изеде плодот во најголемиот македонски расадник со јаболка, Преспа. Во ваков случај, земјоделците претходно ќе ги земеа пумпите и ќе ги напрскаа јаболката со пестициди, можеби и десетпати. Потоа отровите со дождовите, преку реките и подземните води ќе завршеа во Преспанското Езеро кое е живеалиште на преку 2.000 видови птици, риби, цицачи, од кои дел ендемиски.

Но, годинава овоштарите преку интернет и СМС-пораки добиваат навремени податоци кога треба да ги прскаат јаболкниците против болести и штетници и со какви препарати. Тоа им го овозможи проектот на УНДП за современи земјоделски практики еколошки одржливи со кои се очекува да се намали употребата на пестицидите до 30 проценти.

– Претходно се ориентиравме според времето и искуството. Против болестите и штетниците се боревме со отрови, син камен, вар. Двојно повеќе прскавме отколку пред 15 години зашто с` е позагадено. Но, веќе не нагаѓаме напамет, туку секоја вечер гледаме на „Фејсбук“ редовно се објавуваат информации, а ни стигнуваат и пораки на мобилен телефон кога за што треба да прскаме и какви еколошки препарати да користиме. Сега мирно спиеме – изјави долгогодишниот земјоделец Мише Петковски.

За оваа намена инсталирани се шест агрометеоролошки станици во Преспа кои мерат температура, влажност на воздухот, точката на роса, условите за развој на одредени болести како јаболковиот црв, пламеница, краставост и друго. Податоците компјутерски патуваат до Виена, а оттаму преработени се враќаат назад, па навремено им се препраќаат на земјоделците преку „Фејсбук“ или со пораки.

– Јаболковиот црв досега во некои реони се третираше со прскање и до осумпати. Производителите често се случува да погрешат и да треба да прскаат повторно, а тоа го зголемува ризикот на резидуи во самите плодови што во Европа е строго регулирано. Сега врз основа на измерени параметри земјоделците се информираат во следните денови кои се ризиците за развој на одредена болест или штетник. Се налага примена на пестициди кога тоа е потребно, а не за секој случај – вели земјоделскиот инженер Ефтим Петковски, консултант на проектот.

Иновативниот систем на известување го разви УНДП во соработка со Факултетот за компјутерски науки на Универзитетот во Скопје, но по идеја на стручни млади кадри од Ресен.

– Многу е важно препораката да стигне навреме до земјоделците. Нема локални медиуми во Преспа. Претходно сме пишувале соопштенија во општината, во земјоделските аптеки, но се случувало фармерите тоа да го видат по три дена кога е доцна. Сега преку социјалните медиуми, „Фејсбук“, пораки на мобилните телефони, препораките стигнуваат во реално време до нив – вели Димитрија Сековски, раководител на проектот за заштита на Преспанското Езеро на УНДП.

Иновативниот начин за информирање на земјоделците чини само 1.000 долари. Информации за овој ефикасен македонски изум објави и каналот „Нејшенел џиографик“. Системот сега е вклучен во примерите на доби практики и агенциите на ОН ќе го користат низ целиот свет.

Преспанското Езеро е природно ранлив систем

Намалувањето на влијанието на земјоделството врз водите е само еден сегмент од големиот проект за заштита на Преспанското Езеро на УНДП помогнат и од Швајцарската агенција за развој и соработка во износ од 6,3 милиони швајцарски франци.

– Испитувањата на квалитетот на водите укажуваат дека многу од препаратите што се користат во земјоделството ги наоѓаме во водата. Тоа се пестициди, остатоци од вештачките ѓубрива како фосфор, азот итн. Освен земјоделството, тука е и индустријата со отпадни води кои завршуваат во езерото, па сме сведоци на деградација на езерото. Измерените вредности отскокнуваат од стандардите што се за здрави екосистеми во добра состојба – додава Сековски.

Тој објаснува дека Преспанското Езеро е природно ранлив систем зашто по некои процени дури 40 проценти од водата ја губи во Охридското Езеро. Поради таа константна загуба, а во услови на мали врнежи настанува нагло покачување на концентрации на некои загадувачки материи кои доаѓаат во езерото.

Со сексуален феромон во лов на јаболков црв

На дванаесет локации низ Преспа поставени се феромонски стапици за штетници, кои помагаат да се утврди дали се намножени.

– Во основа тоа се стапици со сексуален феромон кој е вештачки продуциран, а инаку го лачи женката на јаболковиот црв и ги привлекуваа мажјаците. Врз основа на бројот на мажјаци се одредува моментот за третирање на штетникот – вели Петковски. 

Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

3 comments

  1. 451675 120208Some times its a pain within the ass to read what blog owners wrote but this website is very user friendly ! . 620439

  2. 715775 427609Really informative and great complex body part of articles , now thats user pleasant (:. 504275

  3. 259569 506011learning toys can enable your kids to develop their motor skills quite easily;; 670280

Leave a Reply

Your email address will not be published.