Почетна / Вести Македонија / Подобрени услови за полесен пристап до десетици милиони евра од ИПАРД

Подобрени услови за полесен пристап до десетици милиони евра од ИПАРД

Со новиот повик, значително ќе се поедностават процедурите за аплицирање од страна на земјоделците, а ќе се прошири и интервалот на финансиите што се добиваат при кофинансирање на проектите. За да има поголем интерес од страна на земјоделците, ќе се подобрат условите и ќе се намалат трошоците за оние кои сакаат да аплицираат и треба да обезбедат документи и елаборати.

Владата ги подобрува условите за аплицирање за добивање средства од ИПАРД програмата. Задачата е дадена на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (Платежна агенција) која за еден месец ќе распише јавен повик за користење средства од ИПАРД. Повикот ќе се однесува на финансирање проекти од мерките за инвестиции во земјоделски стопанства и во преработка и маркетинг на земјоделски производи, како и за пренасочување на руралниот развој.

Според владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев, за овој јавен повик во соработка и со поддршка на Европската комисија, се издвоени и ќе бидат алоцирани повеќе десетици милиони евра, што дава силен инпут и добра основа за искористување на средства за понатамошен развој на земјоделството.
– Суштината на овој оглас е дека ќе се поддржуваат проекти преку кофинансирање во вредност од 50% од вкупните трошоци кои ги направил земјоделскиот субјект при реализација на проект кој е одобрен – вели Ѓорѓиев.

Со новиот повик, значително ќе се поедностават процедурите за аплицирање од страна на земјоделците, а ќе се прошири и интервалот на финансиите што се добиваат при кофинансирање на проектите. Според Ѓорѓиев, за да има поголем интерес од страна на земјоделците, ќе се подобрат условите и ќе се намалат трошоците за оние кои сакаат да аплицираат и треба да обезбедат документи и елаборати.
– Очекуваме интересот ќе биде задоволителен и апелираме да биде што поголем – нагласи Ѓорѓиев.

Со мерката за инвестиции во земјоделски стопанства ќе се кофинансираат сите проекти кои имаат допирна точка со примарното земјоделско производство. Ќе се финансираат проекти за набавка на земјоделска механизација, за системи капка по капка”, оранжерии, компјутерска опрема….
– Ако досега беше дозволено само финансирање односно кофинансирање на оранжерија или на фарми, сега ќе биде дозволено и комплетна изградба. За проектите до 50.000 евра значително се поедноставува деловниот план, со што тие што ќе аплицираат ќе имаат пониски трошоци за апликација – појасни Ѓорѓиев.

Исто така, се дава поголем период за достигнување на европските стандарди, нешто што беше детектирано како главен предизвик во досегашните процеси, а исто така и се проширува интервалот на средствата што ќе се кофинансираат.
– Ако досега се финансираа проекти во вредност од 5.000 до 400.000 евра, сега ќе се финансираат проекти што вредат од 3.000 евра до 1,5 милиони евра – рече Ѓорѓиев.

Со третата мерка, за диверзификација на руралниот развој се дава можност за финансирање фамилијарни бизниси односно финансирање елаборати и бизнис-планови за отворање бизнис во рурални места. Ѓоргиев истакнува дека предвидена е и значителна поддршка за развој на туристичката дејност преку финансирање проекти за модернизација на сместувачки капацитети.
– Наместо досегашните 5.000 евра до 200.000 евра, сега долниот праг е 3.000 евра, а највисокиот 450.000 евра – рече владиниот портпарол кој информира дека земјоделците ќе имаат период од еден месец да ги проучат процедурите, да ги обезбедат потребните документи и да направата план за можностите што им се на располагање.

Јавниот повик ќе трае 45 дена по што ќе следи период од околу два месеци за евалуација на проектите и потпишување договори.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

2 comments

  1. 738035 92400I enjoy reading post. Hope i can find a lot more articles like this one. Thanks for posting. 679483

  2. 624212 633708Excellent post nonetheless , I was wanting to know should you could write a litte much more on this subject? Id be really thankful should you could elaborate a little bit further. Bless you! 35262

Leave a Reply

Your email address will not be published.