Почетна / Вести Македонија / Петнаесетгодишниот Марко ја брани Македонија од ГМО

Петнаесетгодишниот Марко ја брани Македонија од ГМО

Да се забрани влез на сите продукти од прехранбената индустрија и храната за животни што содржи генски модифициран состојки.

Да се поттикнува домашното производство на здрава органска храна, зеленчук, овошје и месо, храна без отрови, храна што ги задоволува потребите на организмот, наспроти ГМО-храната, која нема никаква нутриционистичка вредност, а содржи големи количини отрови, поради што предизвикува рак, стерилитет, бубрежни и срцеви заболувања, дијабетес, имунолошки и други болести, порача на завчерашните протести на Градскиот плоштад, дел од приврзаниците на фејсбук-групата „Стоп за ГМО во Македонија“. Тие со транспаренти, на кои беше испишано: „ГМО-смрт, стоп за ГМО“, „Закон за ГМО во Македонија“, јасно дадоа до знаење за последиците од користењето на ГМО-храната.

Кругот брзо се ширеше

– Со овој протест сакаме да упатиме јасна порака до Владата дека народот не дозволува да биде труен и бараме да се спроведат мерки на заштита. ГМО е тероризам и е генско оружје, сакаме итно да се забрани во Македонија. Сакаме здрава храна и здрава нација – порача Жаклина Трпкова од Kанада, која со петнаесетгодишниот Мартин Kолоски е организатор на протестот. 

Овие протести, токму на овој ден се одржуваат не само во Македонија, туку и секаде во светот, бидејќи станува збор за светско движење против ГМО.

Освен што е организатор на протестите, Мартин е и основач на фејсбук-групата „Стоп за ГМО во Македонија“. Тој е прва година во гимназијата „Свети Kлимент Охридски“ и е поборник за здравата органска храна, бидејќи како што вели, ГМО -храната е многу штетна за здравјето на луѓето. За ГМО тој се заинтересирал на интернет, по што ја основа сега активната група од 2.700 поддржувачи и истомисленици .

– Пред една година прочитав на интернет за овој вид храна. Се заинтересирав. Многу истражував и дојдов до сознанија и фрапантни податоци, кои укажуваат на тоа колку ГМО го загрозува нашиот живот. Уште веднаш се информирав дали постои движење, а потоа ја формиравме и групата и оттогаш редовно ја информираме јавноста на секаков начин за сите наши активности, но и новости од оваа област – изјави Мартин.

Тој додава дека членовите од групата најпрво своите најблиски ги информирале за штетноста на овој вид храна, а потоа кругот се ширел на пријатели и други. Мартин учествувал и на минатогодишниот протест, но вели институциите немаат слух иако се работи за сериозен и опасен проблем, кој им штети, пред с`, на идните поколенија.

-Лани направивме и онлајн-петиција и успеавме да собереме 5.000 потписи. Петицијата ја испративме до Агенцијата за храна и ветеринарство, но не добивме никаков одговор – тврди Мартин. 

Меѓу поддржувачите беше и Силвана Ѓорѓиевска, нутриционист. 

– ГМО ја создава генскиот инженеринг со посебна техника во чии рамки во ДНK се вметнува нов ген. Со вметнувањето на тој ген настанува модификација, односно промени во генскиот материјал. Со тие промени доаѓа до мутација и настануваат дегенарации во самиот организам. Секој што користи ГМО храна со текот на времето, а и наследно, добива нуспојави. Се намалува наталитетот особено по третата генерација и човештвото може да изумре – тврди Ѓорѓиевска. 

Според неа, целта на ГМО-инженерингот, односно на моќниците што го наметнуваат ова, се материјалните добивки и нивната замисла дека само тие се богати и можат да прават што сакаат.

– Народот, според нив, не треба да живее, особено необразованите и сиромашните. Тие настојуваат да се намали населението на планетата – потенцира Ѓорѓиевска.

Таа додава дека во сето тоа добивка имаат тие што продаваат ГМО-семиња.

– Само интегралното семе е вистинско семе што ‘рти и се обновува – истакна Ѓорѓиевска, која исто така е член на фејсбук-група што се бори против внесувањето ГМО-храна, а се вика „Македонија земја на сонцето и здравата органска храна “ и брои 8.000 приврзаници. 

Таа смета дека треба итно да се донесе закон за ГМО во Македонија и ~ порача на Владата да ги заштити македонскиот народ и своите деца.

Ќе се сотрат поколенијата 

Доктор Слаѓана Велкова, лекар по општа медицина, потенцира дека луѓето треба да знаат оти ГМО-храната се добива со мешање на животински со растителни гени, што не е природно и е опасно.

– Професор Арпад Пустај направил истражување во Шкотска, во Институтот „Ровест“, врз глувци и сите што јаделе ГМО-храна заболувале од разни болести. Според истражувањето што го направил Алексеј Суров од Руската академија на науките, третата генерација глувци што јаделе ГМО-храна биле стерилни. Тоа значи дека и нашите внуци би биле стерилни. Истражувањето на Жил Ерик Сералини од Франција, кој бил молекуларен биолог, покажало дека глувците што јаделе ГМО-храна по четвртиот месец добивале карцином, автоимуни заболувања и други болести – информира Велкова.

Таа вели дека последиците од употребата на ГМО-храна за нашата земја не би биле само медицински, туку и економски и еколошки.

– Никој нема да купува ГМО, а приносите со ГМО-семе нема да бидат поголеми како што се тврди, напротив се исти, па дури и помали. Македонија не би можела ниту да извезува растенија, никој нема да ги купи. Тоа ќе им штети и на земјоделците. Економска добивка ќе имаат само компаниите што произведуваат ГМО-семе. А тоа семе е стерилно. Секоја година мора да се купува. Така, луѓето се доведуваат до зависнички однос. На тој начин и Македонија и граѓаните на Македонија би станале робови на компаниите што го произведуваат тоа семе -објаснува Велкова и додава дека од нас зависи дали во иднина ќе имаме просперитетна, самостојна и здрава Македонија.

Таа информира дека засега во 167 земји во светот се забранети произведувањето, одгледувањето и дистрибуцијата на ГМО-храна и оти Македонија треба да биде 168-ма.

ПРОТЕСТИ ВО 400 ГРАДА

Неколку стотици илјади луѓе во 400 града учествувале во протестите во светот организирани за да се шири вистината за ГМО и за растечката сила на дистрибутерот на храна „Монсанто“. Организаторите на протестите истакнуваат дека е неопходно да се заштитат дистрибуцијата на храна, здравјето, локалните фарми и природната околина. Активистите наместо ГМО, промовираа производство на здрава храна.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

One comment

  1. 131012 944705You produced some decent points there. I looked online for that dilemma and identified most people goes coupled with with all your internet site. 994307

Leave a Reply

Your email address will not be published.